Што праеш на Игњат - ќе праеш цела година

02.01.2010  - 

Што ќе праеш на 02.јануари когај је свети Игњат - ќе праеш цела година.

Читај за овја стар тетовски адет. И пази се, што ќе праеш ти на 2-ри јануари...

На 02.јануари је празникот Свети Игњат, и постарите ќе ви кажа дека останало од увек традиција у Тетово:  Што ќе праеш на св.Игњат – ќе праеш цела година !

Адетот и мие дома го праемо обавезно, нарочито што у куќа се греемо на дрва. Адетот популарно се вика ‘Жар Пилиња’:

Татко ми стануе отсабајле рано и го пали ќумбето. Има спремно искацкани (исцепкани) дрвциња многу тнки ка за потпаљуење. И кој како што стануе од спиење, од кој ќе измие лице, прво треба да тура од дрвцињата. Како што го тура свко дрвце изговара: жар пилиња. Пак уште едно дрвце – Жар паре. Па пак – Жар среќа... Жар љубов... Жар петке у школо... Жар дестке на факултет... И таќе си наручујеш магиски тоа што сакаш да имаш у годината што почнала.  

Се почнуе со Жар... демек: како што искре ќе летаа и како што жар ќе напрае дрвцето толку и желбата да се исполни. Се почнуе со фразата жар пилиња, зош таќе останало од старо време кој чувале дома животни, па прво се наручуело за бериќет у куќата (жар пилиња, жар јагниња....).

До таја мера се веруе максимално  дека цела година ќе те тера како днта на св.Игњат, што постарите дури и путна врата закључуеле за да не им влеза лоши људи и лошо да ги затера. Ако ти зема назаем днта – цела година паре ќе ти ида од рука. Лоши бабе, доаѓале днта да позајма ако треба и маја за кисело млеко потквасуење, јали некое јајце боштум за комад недопраен само за да ти напраа беља да ти иде цела година наопаку. Ама ти днта имаш право да го вратиш и да му речеш на чуека – днска је св.Игњат – од куќа не излага ништо, дојди утре.Останало дека дната од куќа ништо не се дава да излезе.

Има нешто тујека. Затоа вие, што је сигурно- сигурно је:

-    Земите книга у рука – за цела година да може да учите

-    Не се карајте – за цела година да бидете раат од кавге

-    Веселите се – за весела да ви биде цела година

И најважно:

Сакајте се – за да сакате и ве сакаа цела година

Кажите и прајте убаај работе – и убаај работе ќе ве затераа цела година...

Чим ја ви га кажуем тајната – тоа је гарантирана маѓија;)

Нека оваја година ви се дешаваа убаај работе.Почнујќи од днска.

Ве љуби,

Гавро