Духовден
Духовден (уште и: Дуовден, Духови, Свети Дуси) е еден од најубавите христијански празници, а е посветен на споменот кон сите наши најмили кои овој свет го напуштиле пред нас.
На Гробишта у суботата
За Духовден адетот у Тетово е фантастичен. Вечерта е посветена на свите тетовчани кои: кој и да се, колку и да са големи или мали, богати или сиромаси, какви и да биле, што и да постигнале на крај пак свите - завршуа на Тетовските Гробишта, или како што викаа тетовчани: Свите ќе завршимо кај кај св.Димитрие, како што се вика гробишната црква. Бегање нема.
Навечер во сабота спрема недеља (пред Духовден) таму се оди да се оддаде почит на твоите предци. Илјада луѓе навечер со свеќи на гробовите на нивните починати блиски. Преполно је. Гробовите се мијат со орашкојна (листови од орев), за на крајот да мора гробиштата да се напуштат до полноќ. Невидена гледка, и можност да се присетите на саканите кои не се више со нас. Не је страшно туку само чудно- а понизно, емотивно и убоо у исто време. Идите вечерта и запалите свеќа.
У црква у недељата
На самиот ден Духови, у недеља рано насабајле се иде на служба у црква. Тоа е нејубаата богослужба.
Тој што не бил на служба у црква за Духовден, незнае што е служба. За тија што никоаш не биле – задолжително је.
Единствена служба во православието во кои сите се седнати доле на подот на црквата. Подот е покриен со лисја од дрвја, од орав и тревки, а попот ги кани сите да клекнат на колена на земја и да се помолат на своите блиски мртви.
Додека сите клечат, со тревките плетат мали венчиња и крстиња. Венчињата после се ставаат пред икона, а кога ќе се исушат се ставаат помеѓу алиштата зошто викаат дека штити од молци.
Клечат сите, над пола саат, и стари и млади, ама баш свите, некои плачат, сите се молат. Невидена служба која е вистински рариритет.
Ако нешто морате да стеаете у списокот на 3 работе што мора да ги напраете у живот у Тетово – тогај да идете на служба за Духовден, дефинитивно мора да биде една од нив !
ПС: Годинава ја сум еден од 7-те кумоој зош лани зедов кумство. Дојдите и земите кумство од годинешните кумоој - ќе имате среќа цела година - исто колку ја оваја. Само треба да месите лепче и да однесете вино и ченца.
За многу године,
Гавро
(с) Дарко Гавровски, 20.05.2010