Балаклија
Текстот подолу е авторско право и за прв пат објавен пишан опис на празникот, дел од необјавената граѓа на авторот Дарко Гавровски. Тие никогаш претходно не се напишани и презентирани, а се планираат да се објават како дел од едицијата ‘Тајните на Тетово’. Објавувањата и цитирањата мора да бидат со претходна дозвола на авторот.
Адетот БАЛАКЛИЈА - прв петок после Велигден
По календарче: Источен Петок - Балаклија
И пак чешитен само за Тетово. Уште се вика Источен петок, и е секогаш првиот петок по Велиген.
На овја дн, свите ида у Горно Маало у Богоројца на служба, а адет је да се носа јајца од Велигден, за кршкање. До пред некое време адет беше да се иде на излет со ручек и цело Тетово испоседнато околу црквата, по река Пења па и до Бањиче.
Се иде уште поручеква четврток оучи Балаклија у Богоројца и биљке се собираа, и јајца се кршкаа тамо у дворот, а утре сабајле пак на служба
Приказната зошто се слави ова иде ваќе:
пред 300 године, петокот после Велигден, одма под црквата на река двајца пријатели ловеле риба. Едниот бил Македонец, а другиот Турчин. Имале и оѓин запалено со тавиче загреано за рибете што ќе ги фата...
Турчинот му рекол: Шо славевте ова пред 5 дена? Нашиот му кажал за Велигден и дека је заради воскреснуење на Исус.
Турчинот тогај на шала рекол: Како не, кј има тоа воскреснуење, каурска работа... ај ако може такво нешто да биде, ај рибава умрена сега на тава ќе га стаем па ај нека воскресне...
У тој момент рибава умрена, изрипуе од тавичево ка тогај да била уловена, и право у река побегнуе назад...
Е тогај турчинов поверуел, и после тоа големи дароој дал на црквата Богоројца за здравје...
Он самиот ова на свите го прекажал како голем знак од господ, а Македонците ова чудо почнале да го прославуа, и од тогај до дн-днска, свекој прв петок по Велигден ида у Богоројца на Балаклија - од турскиот збор Балак што значи Риба = славење на рибата... што им покажала на свите неверни дека Воскреснуење ете бидуе...
За многу године..
Твој,
Гавро