Стопанство и Бизнис

Стопанството во Тетово се заснива во некои најголеми стопански организации наследени од поранешниот систем, а во последно време значајно место завзема приватниот сектор, од сите области на стопанството, а особено преработката на дрвото, метало структурската индустрија, пластиката, трговијата и друго. Стопанска вредност ќе има магистралниот пат, односно коридорот 8 (Драч-Софија-Истамбул), кој поминува низ Тетово и е во изградба.

Извор: Македонска Стопанска Комора

Стопанство

За време на поранешниот систем две големи државни претпријатија (таканаречен општествен капитал) постојеа во Тетовскиот регион. Едното беше ЈУГОХРОМ, фабрика за хром и Електрично топење на Феросиликатите, сместена блиску до село Јегуновце. Втората е ТЕТЕКС, во предградијето на Тетово,фабрика за производство на разни видови производи од текстил, почнувајќи од волнени предива па се до готови одела. Во минатото, државните фирми беа главните абсорбенти на работната сила во регионот.

Денеска, првата (Југохром), после неуспехот да се приватизира (да се купи) од страна на самите роботници, е една од главните загубари во држават и е прва на листата на Светската Банка за затворање. Владата се обидува да најде некој стратешки партнер да инвестира во фирмата, но сепак овој напор не дава никакви резултати. Ситуацијата изгледа многу подобра во случајот на Тетекс, поради тоа што фирмата успева да ја

задржи позицијата на пазарот за своите конфекциски производи, за повеќето од малопродажните ланци на продавници кои оперират во САД и Европа.

Ситуацијата со другите фирми во поранешниот државнен сектор е многу тешко да се процени однадвор. Стандардното сметковотство и контролната регулатива постојат само во хартија. Заради тоа, давањето на вистински годишни извештаии на контролата или одржување на годишни собранија сеуште е ретка појава. Повеќето од фирмите од Тетово не се регистрирани ни на третиот, неофицијален пазар на Македонската берза и никој нетргуваа со нивните акции, поради тоа никој и не прави проценка на нивната пазарна вредност.

Во земјоделскиот сектор постои една холдинг компанија (ЗИК) со неколку успешни придружички (фабрики за преработка на млеко, јавни магацини, објекти за длабоко замрзување и ладење). Исто така постои и една успешна локална фабрика за леб и пецива Жито Полог, Јелак (столарија за мебел и градежништво), Алумина (полуфабрикати од алуминиум), Единство (кошули), Југотутун (преработка на тутун), Пластика (медицинска пластика), Автопрогрес (мебел од метал), и други. Во овој сектор има фирми кои патат или се опоравуваат од стечајна процедура и други кои се извозници во релативно добра кондиција. Со еден адекватен приод и со подобрување на вештините во раководењето (менаџментот) некои од нив можат да станат многу атрактивни за преземање, ако такви можности се појават Како и да е на сите нив им треба модернизација и реконструкција, а тоа бара нормален пристап до финансиите, почнувајќи од формирањето на комерцијални домашни и странски банки и консултантска поддршка. Бројот на директните стопански контакти со фирмите од Западна Европа се уште е многу мал. Многу често менаџментот нема доволно елементарни менаџерски вештини и му недостасуваа знаење на странските јазици.

Конкурентните предности на тетовскиот регион

Репроматериалите за локалната индустриа, за жал многу често се увезуваат. Југохром увезуваа хромиум од Албанија, Турција и од далечниот Исток. Вкупното производство на природна волна во Македонија не иснесува повеќе од 20% од капцитетот на Тетекс. Локалната индустрија на чевли, кожа и бунди ја увезува кожата од Турција. Индустријата за преработка на мермер и камен ги увезува камените блокови од Италија и Грција и така натаму. Затоа конкурентните предности и проспектите на регионот треба да се гледат во традиционалните индустри на регионот, како прво во преработката на земјоделските и прехрамбените производи. Регионот има многу погодна клима за успешен развој на овој сектор и всушност секоја година произведува значителен вишок од различни видови на зеленчук и овошје, а посебно јаболка.

Во туристичкиот сектор големиот потенцијал на Попова Шапка и расположливите капацитети на хотелите треба да се издигнат на повисоко ниво. Туристичките услуги што се нудат, менаџерските вештини и сите други додатни програми треба да се унапредат. На овој центар му е потребен стратешки партнер од некоја од традиционалните земји на зимскиот туризам. Некој кој е способен и кој сака профит за да може да го претвори овој центар во еден профитабилен генератор.

Третата конкурентна предност на регионот може да се бара и во ниската цена на работната сила. Ова може да биде многу корисно за индустриите каде што работата не може лесно да се замени со машини, на пример готовите одела и кошули, како и многуте финални фази во другите индустриски гранки. Последните случувања што беа поврзани са Косовската криза и приливот на бегалците имаше многу јак ефект врз економијата на регионот. Всушност, регионот за еден краток период имаше бенефици и локалната потрошувачка значително се зголеми. Треба само да се додаде и тоа дека Косовската ситуација може да развие некои подолготртајни предности за регионот.се разбира ако се продолжи онака како се очекува од страна на меѓународната заедница.

Локалните Банки

Според официјалните статистички податоци за 1995 вкупното инвестирање во регионот било 724.9 милиони денари или околу 16.7 милиони долари. Но тие инвестиција се многу не избалансирани со 75% од вложувањата во изградба на објектите и само 25% во нова опрема или замена. Приватните фирми имаат малку пристап до странските развојни фондови кои се дистрибуирани преку комерцијалните банки и во главно заавршуваат во бившите државни фирми. Банкарскиот систем во регионот се состои од една локална банка и три придружни канцелари (филијали) од скопски банки. За локалните МСП, овие банки дават кратко рочни кредити со големи каматни стапки. Локалната банка, Тетовска Банка, беше формирана од страна на локалните државни фирми и воглавно им нудеше услуги За исплата на плати и како краткорочен пазар на пари. Банката не е вклучена во групата на посреднички банки за паричниоте фондови за развој. Останатите две банки работаат само со локалните граѓани ,а неи со правни субјекти.

 

Земјоделство и Шумарство

Вонредните климатски услови и рељефот на полошката котлина, со една аграрна површина од 7561 хектари, од кои обработливо земјиште се 3937 хектари, или 52%, претставуваат оптимални услови за развој на земјоделството. Вредните земјоделци од оваа општина го одгледуваат најквалитетниот зеленчук во Републиката. Далеку се прочуени тетовскиот грав, пиперките и друг вид на зеленчук.

Посебно значење граѓаните му придале и на овоштарството. Земјоделскиот комбинат одгледува и расадник за овошје. Тетовското јаболко е прочуено и надвор од државата.

Овде значајна улога игра и професионалниот кадар, обучен во средното земјоделско училиште во Тетово.