село Сетоле

Подолниот текст е за прв пат објавен токму на овој портал и е најдетален опис за секое од тетовските села, кој моментално постои. Ова е авторски труд на авторот – Дарко Гавровски, и текстовите се заштитени со авторски права. Не е дозволено никакво репродуцирање без дозвола на авторот. Овој текст е само дел од мојот нареден мегапроект ‘Енциклопедија на Тетовските Села’ во која ќе бидат вброени историите на сите 92 тетовски села.

Сетоле е мала селска населба од збиен тип, во склоп на Општина Тетово, на падините на Шар Планина 8,5 км североисточно од центарот на градот. На пат е на целосно раселување со само 2 постојани жители изброени на последниот попис во 2002.

Селото е планинско со надморна висина од 915 м, и со мал атар од 370 хектари, од кои на обработливо земјиште одпаѓа 78 ха, на пасишта 91 ха, а на шуми 194 ха.

Голем дел од населението на ова село е исселено пред се во градот Тетово, но сепак денес е доста посетувано особено во лето како викенд населба. Заради тоа што овие села (Сетоле, Отуње и Једоарце) први се раселиле во град, најстарите Тетовски градски фамии во голема мера имаат потекло баш од овие села.

Селото живеело од овчарство, но и овоштарство како познато по своите костени и ореви. Имало свое училиште кое се споменува во 1905, а се вели дека едно време тоа броело и 70 ученици.

Ова село е познато по опеаните ‘три неесте сетолчанќе’ во народната песна ‘Огреала Месечина’, а од ова село е потеклото и на контроверзната револуционерка Мара Бунева.

Ова село е најголемо од трите во низа (споредено со Отуње и Једоарце), а тука најсвечено е на селската слава Мала Богородица (21.сеп). Во Сетоле е сместен и Ловечкиот дом на ловното друштво Шар Планина од Тетово.

 

ЕТИМОЛОГИЈА НА НАЗИВОТ НА СЕЛОТО

Сетоле е македонско село, и називот е со словенска етимологија.

МЕСНИ ТОПОНИМИ / МААЛА

ИСТОРИЈА

Најстари археолошки наоѓалишта:

Во атарот на ова село не се пронајдени археолошки наоѓалишта од Праисторијата и Антиката, но се пронајдени значајни трагови од карпеста уметност (Детале опис во мојата книга ‘Тетовски Древности’).

Од доцното средновековие има остатоци од разрушеното старо село (Старо Сетоле или Горно Сетоле) кое е расселено во денешно Сетоле, а се наоѓало над денешната позиција на селото.

Прво споменување во пишан документ:

Во пишаните податоци ова село под името Сетоле прв пат се споменува во турскиот пописен тефтер од 1453 година (види подолу).

Tурски пописни тефтери (15.-17. век):

Во турските пописни тефтери стојат следниве податоци. (Само за споредба на големината на селото: во истите пописи Тетово има од 103 до 180 семејства, зависно од пописот).

Сетоле се споменува баш под истото име: 

Во официјалниот турски попис од 1626/27 во вилаетот Калканделен се споменува село Сетоле со 25 христијански домаќинста (џизие ханета).

За време Турско:

Народната традиција кажува дека најпрвин постоеле две села Горно и Долно Сетоле. Горно Сетоле било мало село населено со македонски фамилии кое денес не постои зошто семејтавата под притисок на Албански продори од Љума (област во сев.Албанија) се исселиле во Долно Сетоле, кое е всушност денешното Сетоле. Ги забележав и кажувањата според кои Сетоле прво ‘било погоре’ (Горно Сетоле) па тотоа цело се преселило на денешната локација. Затоа некои таа месност (т.е.Горно Сетоле) ја викаат и Старо Сетоле. Со време местото запустело а атарот на ова село припаднал на Долно Сетоле (денешно Сетоле). Главни потеси на ова Старо Сетоле се викаат: Горно сетоле, Бела вода, Жежница, Кутлина, Ружин лаз.

Од Горно Сетоле, иако имало повеќе македонски родови, поименично се знае само за родот Џинлевци кои се исселиле во денешно Сетоле (подетално читај подолу).

Долно Сетоле било помала населба, зошто за цело Турско време, населението непрестано се исселувало. Што заради притисоци, што заради гурбет. Околу 1890. Сетоле прераснало на 70 куќи, но пред крајот на Турското владеење пред се заради чести напади од Албанци од соседното село Ѓермо, во тој перид се иселиле доста куќи. Најголемиот дел од нив се населиле во Тетово, каде како поимотни, веднаш влегле во градските кругови, па денес голем дел од оние кои се сметаат за градски семејства всушност имаат потекло од ова или од другите две соседни села (Отуње и Једоарце).

Помени (19. – почеток на 20. век):

Официјални пописи (20.век - денес):

Најнова историја:

За време на албанската окупација во втората светска војна, според Трифуноски, македонците од Сетоле имале многу тежок живот. Тогаш тие во целост биле затворени во своите домови и несмееле ниту надвор од нив, ниту во шума со стоката на испаша. Тогаш Албанците (особено од соседно Ѓермо) убиле доста видни домаѓини, на кои им ја опљачкале сета стока и целата покуќнина.

СТАРИ РОДОВИ И ФАМИЛИИ

При своето истражување Трифуноски го има посетено селото во 1947. кога има затечено 22 домови поделени во 15 рода, сите православни Македонци. Родовите во ова село се делат на староседелци и доселени (пред се според времето на населување на селото). Интересно е што поголемиот дел од оние кои се сметаат за доселени фамилии, се дојдени од Призренско:

Стари фамилии:

Доселеници:

Целосно исселени родови за кои во 1947 само се раскажувало дека претходно живееле тука се:

РЕЛИГИЈА

Верски објекти:

Во селото има една селска црква - Рождение на Пресвета Богородица (Мала Богоројца) а се наоѓа на западниот крај на селото. Изградена е 1862. врз темели на постара црква. Во дворот на оваа црква се наоѓаат и селските гробишта и трпезарија во кој се служи ручек за време на селските слави.

Селска слава:

Рождение на Пресвета Богородица (Мала Богоројца, 21.сеп), кога се празнува со богослужба, народен собир и делење ручек во црковната трпезарија.

ИНТЕРЕСНО

ЗНАЧАЈНО

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ

ЛИТЕРАТУРА / ИЗВОРИ

   

(c) Дарко Гавровски

Назив

 Македонски / Официјален (кирилица)

Сетоле

Англески (Латинична транскрипција)

Setole

Локален назив

Сетоле

Албански

Setolle

Жители (машки род, женски род и множина)

Сетолчанец / Сетолчанка / Сетолчани

 

Факти

Број на жители (последен попис 2002)

2

Површина на селски атар (во хектари)

370

Дел од општина (административна поделба 2006)

Oпштина Тетово

Одалеченост од центарот на Тетово (во км, најкратка патна линија)

8,5 км / северо-источно

Одалеченост од Скопскиот Аеродром (во км, патна линија)

52,3 км

Географска позиција (ГПРС / Географска ширина и должина)

 42° 3' 16'' Сев.  /   21° 3' 20'' Ист.

Просечна надморска висина  (во метри)

915 м