20. век - најзначајни настани по години

20.век е еденод најинтересните за проучување. Тетово за 100 години минува низ повеќе историски и општествени периоди и во склоп на различни држави и државни уредувања. Во овој период Тетово прераснува од мала Турска касаба на почетокот на векот, па преку просперитетна српска провинциска ‘варошица’  за време на српската власт и град на социјалистичката иднина, се до престижна метропола и втор по големина град во Македонија.

Тогаш Тетово минува и низ мирни периоди и низ страшни војни, немири и востанија: Илинденскиот период (1903), Младотурската Револуција (1908), Балканските Војни (1912-13), Првата Светска Војна или кај тетовчани познато како ‘За време Бугарско‘ (1914-18), Краљевина СХС и Стара Југославија - За време Српско (1918-1940), Втората Светска Војна (1940-44), Социјалистичко Тетово (1944-1990) и Тетово како дел на независна Македонија (1991 до денес). Сето ова на крајот да го запечати крајот на векот - конфликтот во 2001.За сето ова цели томови на книги можат да се напишат, но да одиме овде таксативно по ред со најзначајните настани хронолошки.

Кои настани оставиле белег на Тетово во последниве 100 години најнова Тетовска Историја:

1900-ти

1905. - На ден Голема Богородица се случи познатото Сардисување на Лешочкиот Манастир.

1908. - Формиран хор при црквата Св.Никола во Тетово од страна на Петар Здравев, што е прв хор во Тетово и еден од првите во Македонија.

1910-ти

1912. - Во ное. како дел од акциите во Првата Балканска Војна- Тетово ‘ослободено’ после над 520 години Османлиско ропство, а власта заменета со нова туѓа окупација - Кралство Србија.  Започнува периодот наречен ‘За време Прво Српско’.

1915. - На 03.ное. во Тетово влегува Бугарската војска како дел од акциите на Првата Светска Војна. Градот останува во склоп на Кралство Бугарија се до 1918. Започнува периодот наречен ‘За време Бугарско’. За градоначалник назначен стариот тетовчанец Никола Бунев - таткото на Мара Бунева.

1918. - Бугарија капитулира и го напушта Тетово, препуштајќи го Тетово на српската власт. Започнува периодот наречен ‘За време Друго Српско’ или ‘за време Краљевина’ - се до 1940.

1919. - Формиран еден од најстарите фудбалски клубови на Балканот ‘ФК Љуботен’. Тогаш фудбалот се нарекува - Лоптање.

1920-ти

1922. - Формиран градскиот хор ‘Бинички’ од страна на учителите Војо и Андро Поповиќ.

1924. - Пуштена во употреба првата хидроелектрична централа во Македонија, на тетовската река Пена.

1925. - Формиран Планинарскиот Клуб ‘Љуботен’ кој опстојува до денес.  /  Осветена соборната црква ‘Св.Кирил и Методиј’.  /

1930-ти

 1937. - Формиран хорот ‘Кирил Пејчиновиќ’ под раководство на Анание Поповиќ и Спиро Гребенароски.

1940-ти

1940. - Во апр. започнува Втората св.војна и Тетово е во рацете на Германците кои потоа со спогодба го предаваат градот под Италијанска Управа, а северниот дел на Тетовскиот крај од Непроштено до Јажинце - под Бугарска окупација.

1943. - Во сеп. Италија капитулира и се повлекува оставајќи го Тетово под управа на Балистичкото Движење (Бали Комптар) на чело со Џемо Хаса.

1944. - На 19.ное., Тетово е ослободено од НОВ со што започнува ера на социјалистички но мирен и просперитетен развој на градот.

1947. - Одржан првиот Шарпланински Ски Куп кој традиционално се одржува се до денес.

1950-ти

1950. - Формирано Ниже Музичко Училиште во Тетово кое постои до денес прераснато во најпрестижно Средно Музичко Училиште во Македонија. Прв директор - Спиро Гребенароски.

1952. - Се основа комбинатот за феросилициум ‘Југохром’ - с.Јегуновце.

1953. - Формиран Фудбалскиот клуб ‘Текстилец’ кој подоцна ќе го добие називот кој го носи и денес ‘ФК Тетекс’.

1960-ти

1965. - Во окт. започна да се расчистува стариот плоштад и куќите околу него, задно со старата Тупан Џамија и се отпочна со изградба на нов градски плоштад.

1970-ти

1971. - Пред музичкото училиште во Тетово, поставен споменикот во бронза „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, на академик Томе Серафимовски.

1972. - Пуштен во употреба новиот урбанистички целосно изменет градски плоштад со голема 8-аголна фонтана во средината (во овој облик траеше се до ное.2008 кога е изграден последниот нов плоштад.

1975. - Во паркчето на Два Бреста во Тетово, поставен споменикот во бронза „Иљо Антески-Смок“, на академик Томе Серафимовски.

1977. - Формиран првиот детски хор во градот ‘Лале’ под раководство на Ивица Зориќ.

1979. - ноември, се случува најголемата поплава во историјата на Тетово, кога се излива реката Пена, уништувајќи објекти во Горна Чаршија. Заради овозможување на нормален проток на водата, намерно со динамит е срушен стариот турски камен мост пред Тетовскиот архив (Гиманзија).

1980-ти

1981. - За првпат во историјата на тетовскиот фудбал достигнат толкав успех - ‘ФК Тетекс’ влегува во првата фудбалска лига на СФРЈ.  /  Пуштена во употреба новата модерна зграда на Тетовската ПТТ во центарот на градот која и денес е со истата употреба.  /  Формиран женскиот младински хор ‘Менада’ под раководство на Ивица Зориќ.

1984. - Поставена спомен-бистата во бронза „Јосип Броз Тито“, во дворот на Музејот на КПМ (Куќата на Јовановци) во Тетово, а изработено од академик Томе Серафимовски.

1990-ти

1991. - После референдумот на 08.сеп. кој е успешно одржан и во Тетово, завршува Социјалистичкото уредување на земјата, Македонија се осамостојува и започнува период на демократска транзиција.

1994. - Одржано првото издание на фестивалот на народна песна ‘Тетовски Фолк Фест’ кое непрекинато се одржува до денес.

1996. - Првото издание на детскиот фестивал ‘Јаболчиња’. До денес се испеани над 350 песни, се одржува непрекинато секоја година, а од 2005 со две изданија (пролетно и есенско) во годината.

1997. - Немирите во Гостивар по повод знамето на Албаската заедница поставено пред Општината. Овој настан има одек и со нереди пред општината во Тетово.

2000-ти

2001. - Меѓуетничкиот Конфликт кој воглавно се одвиваше на подрачјето на Тетовско, а кој започна со напад на полициска станица во Теарце, напад врз градот од Тетовското кале и завземање на подрачје неконтролирано од Македонската Армија. 

2001. - Есента Формиран Универзитетот на Југоисточна Европа под патронат на високиот комесар за малцинства на ОБСЕ - Макс ван дер Штул.  /  Се одржа првото издание (со 1200 автори од 700 земји) на една од најпрестижните културни манифестации во градот - Тетовското биенале на мала графика, кое на секое две години традиционално се одржува до денес.

2004. - Со одлука на собранието легализиран и основан Државниот Универзитет во Тетово.

2007. - Основани од државата националните установи Тетовски Театар и Уметничка Галерија во Тетово

2008. - ное./дек. е целосно урбанистички видоизменет градскиот плоштад претходно изграден во 1972.

2009. - Отворен првиот McDonalds ресторан за брза храна во Тетово.

2010. - Ставен Камен темелник за најголемиот во Македонија средношколски комплекс за 999 студенти - Колеџот Вудро Вилсон во Тетово.

Тетово - 21 век

Следи - 

.

Дарко Гавровски, 2010