Зоран Арсовски – Бабата
Zoran Arsovski - Babata
Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово, Р. Македонија. Дипломирал 2005 година на Националната Ликовна Aкадемија во Софија, Р. Бугарија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Во 2007 година Магистрирал на истата Академија и се стекнал со професионална квалификација Магистер по Сликарство.
Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Самостојни изложби:
- Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово, Р. Македонија
- Национална установа Центар за култура „Антон Панов“ - Струмица, Р. Македонија
- Хотел и казино „Аполонија“ - Гевгелија, Р. Македонија
- Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп, Р. Македонија
- Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид, Р. Македонија
- Национална ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија „Арт студио 5” Ревијална Дипломска изложба
- Национална ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија „Арт студио 5” Ревијална Masters изложба
- Национална установа „Белградска тврдина на Калемегдан - Галерија Стамбол капија ” - Белград, Р. Србија
- Културно - Информативен Центар на Република Македонија во Софија Р. Бугарија, Изложба „Тектонски пореметувња” / Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2019 година на Министерство за култура на Р. Македонија /
- Национална установа Центар за култура „Драган Кецман - Галерија за современи уметности“ - Кучево, Р. Србија
- Национална установа Дом на култура „Књажевац – Уметничка галерија“ - Књажевац, Р. Србија
- „Драмски Театар Ќустендил - Изложбен салон” - Ќустендил, Р. Бугарија
- Културно - Информативен Центар на Република Македонија во Истанбул Р. Турција, Изложба „Космички бумеранг” / Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2020 година на Министерство за култура на Р. Македонија /
- Национална установа Центар за култура „Марко Цепенков“- Прилеп, Р. Македонија
- Национална установа Центар за култура Крива Паланка, Р. Македонија - Изложба „Нови хоризонти”
- Меѓународен уметнички фестивал на светлината „Палатите блестат" во Котор, Р. Црна Гора, организатори Градска Галерија Котор и Центар за култура „Никола Ѓурковиќ" - Котор
- Претседател на lX Меѓународно биенале на минијатура „Уметноста на минијатурата” во Русе, Р. Бугарија
Има учествувано на повеќе Меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, уметнички фестивали и симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев”- Куманово како Стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Сопственик е на уметничка Галерија „Art Gallery Arsovski" - Куманово.
За својата работа има добиено повеќе награди, признанија и дипломи.
Контакт:
Тел. +389 75 506 052
Е- маил: zoranars@gmail.com
Адреса. Ул. Димитрије Туцовиќ бр. 5, 1300 Куманово Р. Македонија