ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ
- ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
А К Т И В Н О С Т И 10.01.2011 Прв состанок на новото Претседателство на ЗЕМСостанокот се одржа во Ресен во просториите на Центарот за развој на заедницата. На состанокот се дискутираа плановите за 2011 година со посебен акцент на престојниот попис во месец април. Наскоро ќе следи нова веб страница на здружението каде ќе бидат поставени сите информации.
27.10.2009 Настап на Куд Пирамида по повод Јаболкоберот во Ресен Во организација на Општината Ресен, а под покровителство на градоначалникот на општината Михаил Волкановски се ораганизираше Јаболкоберот, оваа манифестација која стана заштитен знак на сите преспански случувања околу и за јаболкото годинава се одржа на 27.09.2009 година . На Јаболкоберот по покана од Здружението на Египќаните од Ресен Изида зедоа учество и КУД Пирамида од Охрид со своја програма со што го разубави овај настан.По завршувањето на културно ументничкиот настап на Куд Пирамида имаше позитивни реакции и честитки.Благодарност до организаторите за прекрасниот настан и добриот домаќинлук со што членовите од КУД Пирамида од Ресен понесоа позитивни моменти. И секако благодарност до кореографот Лундрим Сулејман за подршката и пренесувањето на традиционалните египќански ора на новите генерации.27.10.2009 Реакција на Здружението на Египќаните по повод „Македонија има Египќани“ објавено во весникот „Време“, 12-13 септември 2009 годинаВеќе подолго време лицето Демир Далип излегува во јавноста ширејќи негови ставови во медиумскиот простор на Македонија. Ние како Здружение на Египќаните во Македонија, како најстара организација на оваа заедница во Македонија, немаме ништо против што лицето Д.Д. искажува свои ставови, но мораме да реагираме за некои небулози и невистини. Идентитетот на Египќаните не само во Македонија, туку и на Балканот, е вековен и не може да биди монета за поткусурување на некои си политикантски желби на поединци. Точно е дека афирмацијата на идентитетот на Египќаните на Балканот имала и има големи препреки и бариери, но тој опстојувал и ќе опстојува. За жал, концептите на „нација-држава“ на Балканот доведоа до голем геноцид и етноцид, што добро им се познати на сите, особено на македонскиот народ, а жртва на таквите политики се и Египќаните, како и многу други народи и заедници на Балканот. Токму поради тоа, прашањето на идентитетот на Египќаните треба да се тргне од политичките и политиканските сплетки бидејќи тоа не е политичко-партиско прашање, туку прашање на заштита на човековите и малцинските права, и тоа да се остави на стручни и компетентни лица и организации. За овие дваесетина години од постоењето на Здружението на Египќаните во Македонија, организирани се многу настани, културни манифестации, издадени се многу статии, книги, продуцирани се неколку документарни филмови од еминентни документаристи, речиси сите високи функционери во историјата во Македонија примиле делегација на Здружението на Египќаните (а не само актуелниот премиер, како што сака да наметне ДД), како и меѓународни функционери и делегации. Впрочем, Советодавниот комитет на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства при Советот на Европа, во своите извештаи од 2005 и од 2009 година и препорачува на Р. Македонија да ја стави заедницата на Египќаните под заштита на Рамковната конвенција. Досега Р. Македонија не покажала некој посебен интерес за заштита на Египќаните, туку напротив, како што вели и Демир Далип, преземала и „игнорантска и неинтегрирачка политика“ кон оваа заедница. Но, работите се менуваат на подобро не поради волјата на некои политички кругови во Македонија, туку поради тоа што Египќаните полека создаваат образовен кадар и Р. Македонија потпишаните меѓународни документи за заштита на малцинствата и нивната недискриминација, почнува да ги спроведува. Кога Р. Македонија ќе добие и датум за преговори со ЕУ и кога ќе почнат преговорите, исполнувањето на тие стандарди ќе биде уште поинтензивирано. Затоа, ни претстои многу работа и многу знаење, а не политикантство и неаргументирано напаѓање на другите заедници во Македонија.
27.10.2009По повод "Деновите на Балканските Египќани"
23.06.2009 ЗАПОЧНУВААТ ДЕНОВИТЕ НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Здружението на Египќаните на Македонија традиционално ја организира манифестацијата „Денови на Египќаните“ под мотото „ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА“ Програмата предвидува: 24.06.2009 место: Куршумли Ан, Скопје Промоција на проектот “Ефективно учество на заедниците ранливи на расна дискриминација во јавниот живот во западен Балкан“ Промоција на филмот „Жими ковачот“ Настап на КУД „Пирамида“ 26.06.2009 Дом на културата во Кичево Промоција на филмот „Жими ковачот“ 27.06.2009 Сала на Собранието на Ресен Дебата: „Општествено економскиот стстус на Египќаните во Република Македонија“ 01.07.2009 Охрид Турнир во мал фудбал 30.05.2009 КУД „ПИРАМИДА“ ОД ОХРИД, ЧУВАР НА ФОЛКЛОРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ЕГИПЌАНИТЕ
Фолклорот како составен дел на традицијата се повеќе станува промотор на културата на Египќаните во Република Македонија. За корисниците на интернет следат неколку линкови од настапот на КУД „Пирамида“ од одбележувањето на денот на Европа во Скопје.
26.05.2009 „ЕГИПЕТ МИ НЕДОСТИГАШ“
„Египет ми недостигаш“ е наслов на песната на Башким Селман - Таркан снимена во студиото на групата Pumpers во Битола. Аранжманите се на Петар Димовски, Даниел Митревски и Ирена Димовска која ги пее и пратечките вокали. Песната иако без официјална промоција станува хит меѓу слушателите. Официјалната промоција се планира за средината на месец јуни во културниот центар „Точка“ во Скопје заедно со скопската промоција на филмот „Жими ковачот“. Активностите во периодот кој следи ќе бидат во насока на продукција на видео запис за песната „Египет ми недостигаш“. Песната „Египет ми недостигаш“ спуштете ја со кликање на следниот линк:
АВТОРСКИТЕ ПРАВА СЕ НА БАШКИМ СЕЛМАН КАКО АВТОР НА КОМПОЗИЦИЈАТА И ТЕКСТОТ 25.05.2009 НАСТАП НА КУД „НЕФРЕТИТИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИПо повод денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во Охрид на 23.05.2009 се организира Меѓународниот Балкански фестивал на народни игри и песни На фестивалот учествуваа културно уметнички друштва од Република Бугарија, Албанија, Црна Гора, Полска, Словачка и Србија. Од Република Македонија со своја програма на фестивалот се претставија „Куд Скупи –Скопје“, Ансамблот „МАКЕДОНКА“ – Охрид, КУД „КОЧО РАЦИН“ - Скопје и „КУД НЕФРЕТИТИ“ од Охрид претставувајќи ја традицијата на Египќаните. Според Башким Селман – Таркан, претседател на Културно уметничкото друштво „Нефретити“ од Охрид, при настапот, нашите играорци претставени и како домаќини добија најголем аплауз од бројната публика. Фестивалот започна со дефиле од хотел „Гарден“, покрај кејот на Охридско Езеро до Чинарот и домот на културата „Глигоро Прличев“ Куклтурно уметничкото друштво „Нефретити“ го сочинуваат: Таркан Синита, Насер Емине, Буцо Нермине, Абаз Назмие, Арслан Моника, Афродита. Музика:Арбен – кларинет, Петрит „Kana“ хармоника,Кадри Селман – тапан. Кореограф: Ахмет Фејзо - Кочан Благодарност до: - КУД „ КЛЕОПАТРА“: Бени, Сузана Селман, Фљутурије Селман; - Пицерија „Луна“ ; - ДООЕЛ „Фортуна“; - Слаткарница „Корзо“; - Пекара „Феникс“; - Генералните спонзори, DJ KISS , Dj Crnkа, Нефи Хусеин. Во категријата ФОТОГАЛЕРИЈА поставени се фотографии од настапот на КУД „Нефретити“на Меѓународниот Балкански фестивал на народни игри и песни 20.05.2009 НОВО КУЛТУРНО УМЕТНИЧКО ДРУШТВО НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД
Група на млади луѓе, ентузијасти, припадници на заедницата на Египќаните, основаа ново културно уметничко друштво „НЕФРЕТИТИ“. Целта на културно уметничкото друштво е зачувување на за заштита на културниот индетитет на Египќаните преку продлжување на традицијата и пормоциј ана културните вредности на заедницата на Египќаните во Република Македонија . Во категријата ФОТОГАЛЕРИЈА поставени се фотографии од првиот настап на КУД „Нефретити“ 12.05.2009 КУД „Пирамида“ ЗАИГРА ПРОТИВ ШЕНГЕНСКИОТ ЅИДВо рамки на одбележувањето на Денот на Европа, во организација на Стопанската комора на Македонија во Скопје се одржа манифестацијата „Денови на туризмот“, на која настапи и КУД „Пирамида“ од Охрид, кое изведе повеќе традиционални египќански ора како Деволиче, Чалоге, сплет Корчаре, Невестинско оро и други. Целосната вест прочитајте ја на следниот линк:
28.03.2009 ОБУКА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ ОД РЕСЕН „ИЗИДА“
Обуката се одржа во просториите на Центарот за поддршка на НВО во Ресен. Воведна презентација имаше Зизо Љамковски, а обуката ја спроведе Нешад Аземовски. Обуката се состоеше од два дела: 1. Јакнење на внатрешната структура на „Изида“ 2. Обука за пишување предог проекти. Како резултат на обуката формирана е структурата по сектори на „Изида“ и тоа СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ СЕКТОР КУЛТУРА СЕКТОР ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ СТАТУС СЕКТОР ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕТСВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ На предлог на присутните беше развиена идејата за предлог проектот: „Кажи кажи кој си ти кој сум јас“ Проектот се фокусира на јакнење на демократијата на локално ниво преку непосредни средби со Градоначалникот, Советниците, Пратениците и Јавниот правобранител, едукација за нивните надлежности и отварање на информативна канцеларија за правна помош на граѓаните. Благодарност до Центарот за поддршка на НВО во Ресен за отстапениот простор и ресурси за одржување на обуката
08.03.2009 ПРОМОВИРАН ФИЛМОТ „ЖИМИ КОВАЧОТ“ ВО ОХРИД
Во организација на Здружението на Египќаните на Македонија и Здружението на Египќаните од Битола „Амон Ра“ на 07.08.2009 година со почеток во 18.00 часот во Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид се одржa промоција на филмот „Жими ковачот“. На промоцијата присуствуваа околу деведест љубители на документарниот филм претежно национално декларирани како Египќани но и припадници на други националности во Охрид. Со промоцијата на филмот уште еднаш се покажа интересот на Египќаните за изразување и потврдување на нивниот културен идентитет на рамноправно ниво со останатите заедници. 04.03.2009 ОДГОВОР НА ПИСМОТО НА Г. АЛИ АРБЕНПочитуван колега, Бидејќи извесно време немаше реакции на Вашето писмо, јас како администратор на веб страницата се чувствувам повикан да ви одговорам на Вашето писмо. Пред се Ви благодарам за Вашата сугестија која може да ја разгледуваме од неколку аспекти. Најважниот е што не се познаваме меѓу себе кои сме, на кои позиции, која ни е експертизата, професионалната ориентација, интересите, фамилијарните врски итн. Идејата да се постават имињата на успешни луѓе со нивни кратки биографии е да ги потенцира позитивните вредности на заеднициата и нивните индивидуални членови како вредни, трудољубиви, интегрирани во општеството граѓани, а не изолирани и маргинализирани. Во вашето писмо спомнувате дека знаете уште најмалку 10 други. Драго ќе ми биде Вашите 10 и уште колку што е можно повеќе од другите припадници на нашата заедница да ги ставиме на веб страницата за да согледаме со каков потенцијал располагаме. Вториот аспект е што не комуницираме меѓу себе. Тоа значи дека: Ако не беше Вашето писмо немаше да го отвориме прашањето на внатрешната комуникација помеѓу нас. Трето прашање кое Вашето писмо го отвора е извесната себичност и индивидуалност помеѓу членовите на заедницата кои тешко се одлучуваат да си помогнат меѓу себе, а и како би можеле кога не се познаваат и не знаат дека имаме „наши луѓе“ на било какви позиции. Четврто, успешни во својата професија не подразбира само високо обраозвани, туку и занаетчии, трговци, вработени луѓе, домаќини кои се успешни во она што го прават. Петто, погрешно ви е сфаќањето за личен маркетинг бидејќи веб страницата има функција насочена покрај кон припадниците на заедницата на Египќаните многу повеќе кон надворешноста. Држи забелешката дека се само 5, ама освен Вас никој друг не коментирал ништо. Шесто, уште една потврда дека Претсеателството треба да размисли за професионална страна на која што ќе биде поставена можност за ФОРУМ, односно сите овие дискусси и различни други прашања да може да ги дискутираме во полето ФОРУМ. Го поздравувам Вашето писмо и ги повикувам сите активно да учествуваат во надградбата со содржини на веб страницата која иако не е многу професионална си има свое значење и фукција. Пишете на e - mail адресата: zem2009@gmail.com и за секој случај на бiosfera@t-home.mk Нешад Аземовски веб администратор 25.02.2009 ПИСМО ОД Г. АЛИ АРБЕН ДО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ЗЕМ
Почитуван г-дине Хермин Рапоски, Сакам да ви ги искажам моите симпатии и почит кон работата која ја извршува ЗЕМ, но мора го искажам мојот протест и револт по повод дел од содржината на вашата веб страна. Наиме, во оделот “Египќани докажани во својата професија” спонувате само 5 личности (кој впрочем и се докажани во својата професија). Моето прашање е дали само овие 5 личности се докажани во својата професија? Дали нашата нација остана на само овие 5 личности кои се докажани во својата професија? - Јас тврдам дека НЕ. Во моментот ми текнуваат барем 10 личности кои не се на оваа листа и кои повеќе се истакнале во својата професија, за разлика од набројаните 5.
Без никакви предрасуди и без никакви скришни намери, топло би ви прерпорачал да ја надополните листата или потполно да ја тргнете бидејќи потенцијалните посетители би добиле погрешна престава за нашите способности и достигнувањата на полето на нашите професии, а уште полошо некој тоа може да го разбере како бесплатен маркетинг. Со почит Али Арбен
26.01.2009 ПРОМОЦИЈА НА ФИЛМОТ „ЖИМИ КОВАЧОТ“ ВО РЕСЕН
Промоцијата на филмот ќе се одржи во големата сала на Собранието на општина Ресен на 28.01.2009 година со почеток во 19.00 часот. Филмот е изработен во заедничка продукција на Здружението на Египќаните од Битола „Амон Ра“ и Биосфера Продукција. Истиот претставува придонес кон материјалната култура на Египќаните и непобитен доказ за нивното постоење. Промоцијата во Ресен е во организација на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „Изида 41/21“ од Ресен
25.01.2009 ДЕМИР ДАЛИП НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ОХРИД
Египќаните во Република Македонија се повеќе се интегрираат во системот на општественото живеење. Од пасивен чинител на работ на општествените збиднувања, заедницата на Египќаните станува се поприсутна во јавноста. Кандидатурата на г. Демир Далип како независен кандидат за Градоначалник во Охрид има свои вредности и значење од повеќе аспекти: - за прв пат припадник на Египќаните се кандидира за Градоначалник; - кандидатурата ќе биде заверена во сите официјални документи на Република Македонија, што за идните генерации ќе биде материјален доказ за постоењето на Египќаните на овие простори на прагот на 21 век; - можноста за медиумско претставување ќе биде можност и за поголема промоција на заедницата на Египќаните и елаборација на проблемите со кои оваа заедница се соочува; - преку програмските определби на кандидатот за Градоначалник ќе се изнесат во јавноста визиите за подобра иднина на сите граѓани што претставува активен придонес кон изградбата на заедничката иднина за сите граѓани на Република Македонија.
11.01.2008 ЧЛЕНОВИТЕ НА „ИЗИДА“ ОД РЕСЕН ПРИМЕР ЗА ХУМАНОСТА НА ЕГИПЌАНИТЕ
Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните од Ресен „ИЗИДА“ согледувајќи ја лошата финансиска и материјална состојба на семејството Усеиновски ја покрена кампањата со цел во нивниот дом да влезе зрак светлина и надеж за подобра иднина. Семејството брои 12 члена, таткото Фатмир, мајката Алие и 10 деца на возраст од 2 до 17 години. Татко Фатмир е невработен. Мајката Алие е во тешка здравствена состојба со летална прогноза. Скапите лекарства кои и ги ублажуваат болките не можат да си ги дозволат. Поради лошата социјално економска состојба децата не се во можност да посетуваат настава и се оставени изолирани од општетсвото да се снаоѓаат како знаат и умеат. Затоа е неопходна помош во нивна социјализација и описменување со цел нивна подобра интеграција в општеството. Ние сметаме дека децата се најголемото богатство кон кое ние и институциите на државата треба да имаат посебен интерес за заштита на нивното здравје, благосостојба и напредок. По превземените активности во хуманитарната акција се вклучи Фондацијата „Рамковски“ и А1 Телевизија за што посебна благодарност му изразуваме на дописникот на А1 од Битола г. Пеце Стефановски. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101655 11.01.2009 УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ПРЕДИЗВИК ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Годината зпочнува со спроведување на заклучоците од 8то вонредно собрание на Здружението на Египќаните на Македонија на кое беа разрешени некои од членовите на Претседателството и избрани нови. Беа дадени и основните насоки за заедничко дејствување на ЗЕМ за 2009 година. Во прилог е Записникот од 8то Вонредно Собрание. ЗАПИСНИК ОД 8то ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ
31.12.2008 ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВИ ЈА ЧЕСТИТА НОВАТА 2009 ГОДИНА
СРЕЌНА НОВА 2009 ГОДИНА (видео честитка)
01.12.2008 МУЛТИКУЛТУРНА ВЕЧЕР ВО ОХРИД
24.11.2008 РАЗНОВИДНОСТА РАЗВЕСЕЛУВА09.11.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ОД ОХРИД - НАПИС ВО ВЕБ ПОРТАЛОТ КРАЛЕ МАРКО
Со зголемувањето на активностите на Здружениејата на Египќаните во Република Македонија расте и интересот на пошироката јавност за постоењето на оваа заедница. Веб порталот Крале Марко на своите страници поместува опширен текст кој задира во прашањето на постоењето на Египќаните во Република Македонија. Целиот текст превземете го со кликање на посочениот линк:
05.11.2008 MAJOВЦИ НАЈПОЗНАТИТЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА „ТЕШКОТО“ СЕ ЕГИПЌАНИ
Според многу устни преданија создавањето на Тешкото се сврзува со легендарните Мајовци, бидејќи нема никакви други податоци за постари свирачи на ова наше најпознато, највредно и најтешко оро. Денес нивните вистински наследници живеат во Дебар. Тие потекнуваат од Петрит, т.е. Перо Мајо од Гари. Негов син бил Мајо, прочуен зурлаџија кој свирел заедно со уште двајца други музичари, кои по националност за себе велеле дека се Еѓупци. Целиот текст прочитајте го во весникот „ВЕЧЕР“ на следниот линк: МАЈОВЦИ 05.11.2008 KOЈА Е РЕАЛНОСТА НА МЛАДИТЕ ЕГИПЌАНИ - Писмо на Вахид Мехмет до пошироката јавност објавено во весникот „Време“ Знам дека живеам во демократска република, меѓуетничка и меѓукултурна земја во која живеат повеќе национални заедници, но се прашувам дали ова е реалноста или, пак, реалноста е нешто друго. Во Република Македонија од 1991 година постои графа „Египќани“ добиена со многу труд и борба. Но, сепак тие во реалноста се сосема заборавени, оставени на маргините на општеството и дискриминирани во секој сегмент. Се прашувам зошто е тоа така, зарем ние како Египќани не заслуживме малку почит и еднаквост во државните институции како и другите етнички малцинства.. Иако во Уставот стои дека сите националности се еднакви пред институциите на државата, сепак ова не важи за нас Египќаните, мирен и мирољубив народ. Египќаните немаат никаков пристап кон економските развојни програми на државата, ниту пак се вклучени во проекти од невладините организации како ранлива етничка заедница. Стипендиите за финансирање студенти и средношколци буквално се насочени кон Ромите, така што тука Египќаните моментално, случајно или намерно, се заборавени. Египќаните, како и секогаш, се препуштени сами на себе да се снајдат како што знаат и умеат, иако знаеме дека Македонија се стреми да биде мултиетничка и мултикултурна држава. Се надевам дека конечно ќе се разбудат институциите и ќе посегнат по прашањето за Египќаните. Превземено од весникот „Време“
01.11.2008 „ПОД ИСТО СОНЦЕ“ - ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ВО СКОПЈЕ
Во организација на ФИОО Македонија на 1 ноември се одржа голем мултиетнички хепенинг. Здружениејата на Египќаните од Битола се претставија со промоција на филмот „Жими Ковачот“, Изида од Ресен со презентација на ковачка работилница, Здружението на Египќаните на Македонија - Охрид со традиционални јадења и фолклорната група од Струга. За пристап до видео материјалот кликнете Со американскиот амбасадор Филип Рикер
Посебен интерес за статусот на Египќаните покажа американскиот амбасадор неговата екселенција г. Филип Рикер. Тој вети дека ќе го погледа филмот жими ковачот и ја изрази поддршката на залагањата на Египќаните во Република Македонија за што поголема интеграција во општеството и градењето заедничка иднина за сите граѓани на Република Македонија.
30.10.2008 И ЕГИПЌАНИТЕ МУ РЕКОА СТОП НА РАСИЗМОТ
Настанот се одржа на 26.10.2008 година. Главен дел на настанот против расизам беше натпреварот помеѓу Пелистер и Победа.
25.10.2008 ОДРЖАН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ДРУГИТЕ ПОМАЛИ МАЛЦИНСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Состанокот се одржа во просториите на Здружението на Хрватите во Република Македонија. Детали прочитајте од записникот од средбата.
24.10.2008 ОТКАЖАНО ОДРЖУВАЊЕТО НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ
Претседателот на Сојузот на Балканските Егиќани, користејќи го правото предвидено со Статутот го откажа одржувањето на Вториот конгрес на Балканските египќани на неодредено време. Детали прочитајте во официјалното писмо. 13.10.2008 БОГАТСТВОТО Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ
|
Здружението на Египќани од Охрид, по повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите. "Младинскиот совет на Охрид неодамна спроведе анкета за потребите за изработка на Локален младински акционен план и во неа 5,4 проценти од вкупниот број анкетирани беа Египќани", појасни претседателот на оваа невладина организација, Димче Каневче. Вахид Мемет од Здружението на Египќани рече дека овој народ сепак заслужува да има достоен живот. " Подготвени сме активно да соработуваме со сите кои се залагаат да ни се овозможи подобар живот", додаде Мемет. Лекарката Мирка Танческа која работи на програмата за систематски прегледи во Здравствениот дом, на денешната трибина објасни дека дел од децата од египќанска национална припадност кога доаѓаат на прегледи не знаат како да се изјаснат, дали се Египќани или Роми. И нејзината колешка од одделот за превенција во Здравствен дом, Соња Мариноска потврди дека сите деца и млади имаат еднаков третман во оваа здравствена организација, но рече дека проблем се јавува кога Египќаните ја менуваат адресата на живеење или кога доаѓаат нови жители во Охрид, па се нема увид во списокот за вакцинирање. Младите Египќани во анкетата што ја спроведе Младинскиот совет одговориле дека за нив се скапи курсевите по информатика и јазици, дека имаат потешкотии во засновањето постојан работен однос, но и оти се соочуваат со проблеми при добивањето информации за вработување. Повеќе информации на следние линкови: |
12.08.2008 МЛАДИТЕ ЕГИПЌАНИ И ЛОКАЛНИОТ АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН ЗА ОХРИД
Младински Совет Охрид во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН го организираше првиот форум за млади на кој учество зедоа 30 преставници на исто толку институции и организации кои работат намолето на младите и младинската политика во општина Охрид.
На форумот, врз основа на осумте приоритети според националната стратегија за млади на Република Македонија беа ордедени 29 цели и повеќе од 100 активностите од кои ќе произлезе првата драфт верзија на Локалниот Младински Акционен План.
Форумот за млади се одржа на 29 и 30 јули 2008 година во летната бавча КАНЕО.
22.07.2008 ЌЕ СЕ ИСКОПУВА ФАРАОНСКИ БРОД
Археолозите ќе ископаат стотина остатоци од античкиот брод од дрво, закопан во подземна просторија во близина на Кеопсовата пирамида во Гиза и ќе се обидат повторно да го состават, пренесува Нетпрес. Бродот стар 4.500 години е сличен на оној што е ископан во 1954 година и чии делови се повторно споени со макотрпни напори на стручњаците. Сакуџи Јошимура, професор на Универзитетот „Васед“ во Јапонија, рекол дека во ноември ќе започне ископувањето на околу 600 делови од бродот.
(Превземено од „Дневник“ )
14.07.2007 ПРИЛОГ НА ТЕЛЕВИЗИЈА ОРБИС ВО БИТОЛА КОН ПРОМОЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ЖИМИ КОВАЧОТ“
Прилогот е е митуван на централното издание вести и истиот во целост можете да го проследите на следниот линк:
03.07.2008 НАПИС ЗА СТАТУСОТ НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ВЕСНИКОТ „ЕГО“
Египќаните во Република Македонија се составен дел на Балканските Египќани, кои своето потекло го имаат од Стариот Египет, уште од најстарите цивилизациски времиња на Балканот. Нивното постоење е евидентирано во многу историографски, археолошки, етнографски, лингистички и други извори. Заедницата на Египќаните во Македонија има свои специфични елементи на својата етно-култура, во својата материјална, духовна и општествена култура, со својата специфична ендогамија но и етно-мимикрија. За оваа проблематика, за ЕГО зборува Нешад Аземовски.
Целиот текст прочитајте го на седниот линк:
01.07.2008 ВО БИТОЛА ПРОМОВИРАН КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „ЖИМИ КОВАЧОТ“
Пред околу осумдесетина граѓани на Битола во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше промовиран документарниот филм „Жими ковачот“.
Филмот е резултат на истражувањето на статусот на Египќаните во Република Македонија од страна на Биосфера Парамециум Продукција.
Филмот на специфичен начин го претставува постоењето на Египќаните во Република Македонија, а како додаден вредност му е документирањето на еден занает во изумирање - ковачкиот занает.
Во месеците јули и август предвидени се промоции на филмот во Ресен, Охрид, Кичево, Струга и Скопје.
30.06.2008 ФОТОГРАФИИ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 18 ГОДИШНИНАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
18.06.2008 ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА НЕДЕЛАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Со пригодни активности и свечености и оваа година ќе виде одбележана манифестацијата „ Недела на Египќаните во Република Македонија“.
РЕСЕН
На 28.06.2008 година во Ресен ќе се одржи манифестацијата „Фолклорот не зближува“ каде ќе настапат културно уметничките друштва на Егпќаните од Ресен и Струга а ќе има и гости на вечерта.
БИТОЛА
На 01.07.2008 година со почеток во 19 часот во Центарот за култура во Битола ќе биде прикажан документарниот филм „Жими ковачот“.
03.06.2008 ВТОР КОНГРЕС НА СОЈУЗОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ
Вториот конгрес на Сојузот на Балканските Египќани ќе се одржи на 27 и 28 септември 2008 година во Тирана, Република Албанија.
Текстот на одлуката превземето го од следниот линк:
23.05.2008 МАКЕДОНИЈА ИМА ЕГИПЌАНИ - ГОЛЕМ СОБИР НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД
Во големата сала на домот на културата во Охрид „Глигор Прличев“ ќе се одржи голем собир на Египќаните под мотото:„ МАКЕДОНИЈА ИМА ЕГИПЌАНИ“.
Средбата ќе се одржи во понеделник на 26.05.2008 година со почеток во 18.30 часот.
21.05.2008 МЛАДИТЕ ОД ОХРИД СЕ ЗДРУЖИЈА ВО КОАЛИЦИЈА
06.05.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕСЕН ГО РЕГИСТРИРАА СВОЕТО ЗДРУЖЕНИЕ „ИЗИДА 41/21“
На 28.03.2008 година Собранието на здружението на граѓани за заштита на културниот идентитет на Египќаните „Изида 41/21“ од Ресен донесе одлука за регистрација во централниот регистер. Пријавата е одобрена на 05.05.2008 година со што се официјализира работата на здружението.
На фотографијата е претставено логото на ИЗИДА 41/21 кое ја претставува Египетската божица Изида, стилизираното знаме на Република Македонија. Сината боја го симболизира Преспанското Езеро.
Бројот 41/21 се географските координати на градот Ресен во кој се наоѓа седиштето на здружението.
Лице за контакт: Зизо Љамковски 071 880 952.
Е - маил: izidaresen@gmail.com
web: http://izidaresen.googlepages.com
28.04.2008 НОВО РАКОВОДСТВО НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД
На ден 16.03.2008 година се одржа изборнното собрание на Општинското Здружение на Египќаните-Охрид (ОЗЕ). На собранието се формира координативното тело на ОЗЕ-Охрид составено од млади образовани кадри кои активно работат во остварување на цели од заеднички интерес.
Превземи го целосниот извештај преки следниот линк:
27.04.2008 ЕГИПЌАНИТЕ СЕ СПОМЕНУВААТ И ВО ТЕКСТОТ НА КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА
Професорите Аристотел Тентов и Академик Томе Бошевски на научна основа го дешифрираа досега непознатиот текст наа Б каменот од Розета пронајден при археолошки истражувања на древниот Египет од вемето на владеењето на Птоломеите - македонските фараони.
Во текстот интересно е што покрај Данајците (денешните Грци) на Балканскиот Полуостров се споменуваат и Данајците со потекло од Горен Египет - Ѓупците.
Повеќе за истражувањето на прочиатјте на следниот линк:
16.04. 2008 ЕГИПЌАНИТЕ БАРААТ ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРОАКВА
Охридските Египќани бараат соодветна застапеност при новите вработувања во МЈП „Проаква“. Апелираме до директорот на „Проаква“ да ги почитува принципите на Охридскиот рамковен договор согласно кој тие треба да имаат соодветна застапеност при нови вработувања во јавни институции, изјави на прес конференција Демир Далип, претставник на политичката партија Сојуз на Египќани.
Голем број египќани конкурираа за новите работни места во „Проаква“ и убеден сум дека ќе се земе во предвид актуелната социјална положба на овие граѓани и тие соодветно и правично ќе бидат застапени при распределба на новите работни места во МЈП „Проаква“, вели Далип.
Египќаните бараат вработувања во „Проаква“
Ова е прв пат по долго време Сојузот на Египќаните една прес конференција да посвети на реалните проблеми на припадниците на оваа етничка заедница. Впечаток е дека непотребно агресивниот стил и претераното експонирање во јавност на водството на партијата спротивно на очекуваните ефекти придонесоа за опаѓање на интересот на медиумите за нивните активности. Веројатно и затоа последните пресови на партијата или здружението, зад кои дејствува г-нот Демир Далип повеќе се игнорирани од локалните медиуми, на што тој отворено реагираше во јавноста. Решавањето на реалните проблеми на граѓаните подразбира сериозен пристап и затоа одговорноста на политичките лидери, без разлика на големината на партијата, е дотолку поголема, поради што тие мора да водат сметка на јавните настапи да ги застапуваат интересите на граѓаните. Во спротивно тоа е злоупотреба како на граѓаните така на медиумите.
превземено од: www.ohridnews.com
http://ohridlake.com/index.php?mod=1&kat=5&id=3844
16.04.2008 ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАЛКАНСКАТА УНИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ
Повеќе од една година во Охрид со доброосмислена акција се врши асимилација на Египќаните од страна на Ромите. Им се ветува и поголема социјална помош и полесно вработување, како и други бенифиции само да се декларираат како Роми, истакна на прес-конференција претседателот на Сојузот на балканските Египќани Рубин Земон, пренесува МИА.
Тој, како што се наведува во веста, вели дека дел од Египќаните се изјаснувале како Албанци или Турци сметајќи дека полесно ќе се вработат според Законот за правична застапеност на етничките заедници.
Во Охрид има околу 2.000 Египќани, а само 69 Роми дојдени во последните 10-ина години, а според Земон, притисокот на Египќаните во Охрид за нивно декларирање како Роми доаѓа од Скопје.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески рече дека со ништо не смее да се наруши хармонизацијата и добрите меѓучовечки односи во Охрид и не смее да се дозволи натамошна асимилација на Египќаните.
Петрески како што пренесе МИА, најавил формирање на комисија за односи меѓу заедниците при Општинскиот совет, а исто така дека е во тек и акцијата за збратимување на Охрид со Александрија во Египет.
превземено од: www.ohridnews.com
http://ohridnews.info/index.php?mod=1&kat=4&id=2554
15.04.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ПРИЗНАТИ ВО УСТАВОТ НА КОСОВО
Во член 64 од Уставот на Косово се вели дека едно место во Парламентот е загарантирано за припадницита на Египќаните како национално малцинство. Уште едно дополнително место ќе му припадни на заедницата која ќе освои најмногу гласови помеѓу Ромите, Ашкалиите и Египќаните.
Целиот текст на уставот на Косово на англиски јазик во .PDF формат можете да го превземите со кликање на следниот линк:
25.03.2008 ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД
Во Охрид, Здружението на Египќаните на Македонија одржа прес-конференција.
Видео материјалот погледнете го на следниот линк:
http://www.youtube.com/user/ubegypt
Прочитајте го и соопштението за јавноста:
17.02.2008 ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ОСНОВАЧИТЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
На 17.02. 2008 година претставници на Здружението на Египќаните на Македонија и Унијата на Балканските Египќани положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на Усни Земоски и Назми Арифи.
Според зборовите на Д-р Рубин Земон на овој начин се дава придонес кон градењето на новата историја на идентитетот и националното освестување на Египќаните не само во Република Македонија туку и пошироко.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ПРИСТАП ДО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ
15.02.2008 СПОРТ: ФАРАОНИТЕ ЦАРУВААТ
Најновото, 26. издание на фудбалскиот Куп на Африка, дваесетина дена на глобален план оствари медиумска доминација. „Црниот континент“, колепката на човештвото, преполн со живот, рудни богатства, борба за опстанок, рамнотежа до незамисливи граници и уште понезамислив глад кој само докажува дека со светските текови и натаму нешто не е во ред, повторно како и секои две години беше во центарот на светското интересирање.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ПРОЧИТАШ ЦЕЛИОТ ТЕКСТ
14.02.2008 РУБРИКА: ЕГИПЌАНИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА
Нешад Аземовски преку својата организација БИОСФЕРА зеде учество на 9тиот состанок на Работната група за спроведување на Архуската конвенција што се одржа во седиштето на Обединетите Нации во Женева, Швајцарија.
На состанокот учествуваше како претставник на земјите од Југоисточна Европа во подготовката на третата министерска средба на земјите потписнички на Архуската конвенција што од 11 до 13 јуни ќе се одржи во градот Рига во Латвија.
Повеќе за состанокот прочитајте на следниот линк: :
http://www.unece.org/env/pp/wgp.htm#9thwgp
Повеќе за средбата во Рига прочитајте на:
http://www.unece.org/env/pp/mop3.htm
10.02.2008 EГИПЌАНИТЕ БАРААТ ГАРАНТИРАНО МЕСТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ
Во изданието на УТРИСНКИ ВЕСНИК од 09.02.2008 година објавен е написа за барањето за гарантирано место во Парламентот на Република Македонија со еден заеднички претставник на Египќаните, Хрватите и црногорците - национални заедници кои не се застапени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ПРОЧИТАШ ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ОБЈАВЕН ВО УТРИНСКИ ВЕСНИК НА 09.02.2008 година
09.02.2008 ЗНАМЕТО НА КОВАЧИТЕ ВО РЕСЕН
Претставници на Здружението на Египќаните од Битола „АМОН РА“ во соработка со Биосфера Парамециум продукција снимија краток документарен филм за ЗНАМЕТО НА КОВАЧИТЕ - ЕСНАФИ во Ресен. Знамето се смета дека е старо околу 300 години. Благодарение на семејството Демировски од Ресен истото е зачувано до денес. Традиција било кога се оди по невестата на чело да биде знамето. Без знамето Египќаните не можеле да замислат свадба. Со повторното откривање на овој елемент на материјалната култура на Египќаните се надеваме дека традицијата ќе продолжи во духот на новото време и генерациите кои доаѓаат.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ВИДИШ КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
09.02.2008 РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Во просториите на Здружението на Египќаните на Македонија се одржа работен состанок на Претседателството. На состанокот присуствуваа и Рубин Земон од Унијата на Балканските Египќани и Нешад Аземовски. И двајцата го понудија своето искуство на Претседателството во креирањето на Годишната програма и активностите за јакнење на капацитетот на Претседателството. Договорено е на 17 февруари да се одржи првиот работен семинар на тема: Дефинирање на приоритети и пишување на предлог проекти.
30.01.2008 ОДРЖАН КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК ВО БИТОЛА
Во просториите на „АМОН РА“ - Здружение на Египќаните на Битола се одржа консултативен состанок со потпретседателот на Здружението на Египќаните на Македонија г. Омер....
Разговарано е за потребата од јакнење на капацитетот на новоизбраното раководство. За 9 февруари 2008 година предлоено е да се свика првиот состанок на новото Претседателство во Охрид.
29.01.2008 ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НА ПАРТИЈАТА СОЈУЗ НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Политичката партија Сојуз на Египќаните на Македонија предводена од г. Демир Далип (потпретседател за политичкли прашања) во рамките на своите активности разговараше со Градоначалникот на општина Битола г. Владимир Талески за статусот и состојбата на Египќаните во Битола. На состанокот како гостин присуствуваше и г. Нешад Аземовски претставник на АМОН РА.
Градоначалникот на општина Битола изрази силна поддршка во развојот на демократијата во Република Македонија и придонесот што Египќаните преку своите форми на дејствување го даваат во заштита на малцинските права и сопствениот идентитет.
27.01.2007 ОДРЖАНО СЕДМОТО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Во салата на Советот на општина Охрид се одржа седмото изборно собрание на Здружението на Египјаните на Македонија.
Избрано е новото раководство и програмата за работа.
На изборното собрание учествуваа делегати од Струга, Охрид, Ресен, Битола и Кичево.
Истакната е потребата од јакнење на локалните организации и поголем апромоција во јавноста и медиумите.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ПРИСТАП ДО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ