ПОЧЕТНА

Студентите (и на студиите во Битола и на дисперзираните студии Велес и Прилеп) кои предметите КАЛКУЛУС 1 и КАЛКУЛУС 2
  • по првпат ги запишале во некоја од учебните години 2015/2016 и 2016/2017 неположениот предмет го полагаат (колоквиуми и/или испити во престојните испитни сесии) по наставната програма, упатства, материјали и тест-примероци што може да се превземат од МАТЕРИЈАЛИ ОД НАСТАВА и ТЕСТОВИ,
  • по првпат ги запишале почнувајќи од учебната  2017/2018 полагаат по упатства, материјали и тест-примероци што може да се превземат од МАТЕРИЈАЛИ ОД НАСТАВА 2.

ПОСЛЕДНИ СООПШТЕНИЈА

  • Корекција на резултати од испит КАЛКУЛУС 1 (ИНКИ-17/18)
    Почитувани колеги студенти,

    Во листата со резултати од испитот по КАЛКУЛУС 1 - ИНКИ (првпат запишани учебна 2017/2018 г) одржан на 05.02.2018 г., при подредување на резултатите е направена грешка кај студентите од реден бр.1 до реден бр.34. Броевите на индекси не кореспондираат на фактичките резултати (а, поради заштита на лични податоци не смееме да објавуваме презиме и име со што направената грешка ќе беше побрзо воочена и одстранета).

    Корегираниот список, со резултатите кои на студентите им беа соопштени согласно испитните тетратки, може да се превземи од следниот линк.

    Предмениот наставник се извинува поради настаната грешка и евентуалната фрустрација што ненамерно е предизвикана кај студентите.
    Posted Feb 18, 2018, 6:38 AM by Соња Манчевска
  • Внесување на оценки во iKnow системот
    Оценките од испитите одржани на 29.01.2018 г. се веќе внесени во iKnow системот.

    За испитите по предметите Дискретна математика, Конечна математика и Калкулус 1 (вклучително и за оние студенти кои некој од овие предмети положиле преку колоквиуми) ќе бидат внесени најдоцна до 28.02.2018 г. 
    Posted Feb 14, 2018, 11:48 AM by Соња Манчевска
  • Резултати од испити одржани на 05.02.2018 (Битола)
    Резултатите од испитите по Конечна математика и Калкулус 1 одржани на 05.02.2018 г. може да се превземат од следниот линк.

    Дополнување: Дополнителни термини за впишување на оценки во индекс ќе бидат објавени по објавување на конечната верзија на распоредот за настава за летен семестар 17/18.
    Posted Feb 15, 2018, 12:49 AM by Соња Манчевска
  • Резултати од испити одржани на 29.01.2018
    Резултатите од испитите по Калкулус 2, Математика 2 и Конечна математика одржани на 29.01.2018 г., може да се превземат од следниот линк.
    Posted Feb 6, 2018, 3:35 PM by Соња Манчевска
  • Отсуство од термини за консултации
    Се известуваат студентите дека денес, 26.01.2018 г., нема да се одржуваат консултации и впишување на оценки индекс во предвидениот термин. Рокот за впишување на оценки и увид во испитните тетратки за студентите кои полагаа колквиуми се продолжуваат до 02.02.2018 г.
    Posted Jan 26, 2018, 2:30 AM by Соња Манчевска
Showing posts 1 - 5 of 171. View more »