Едукативен Webinar, дијагностичка радиологија кај деца

На 23 Февруари 2017 г., во 15 часот, Меѓународната агенција за атомска енергија организира бесплатен едукативен Webinar во траење од 1 час со наслов:

“Оптимизација на радиографските снимања на деца - радиографија на бели дробови“

Повеќе на  линкот.


Радиоактивен материјал во дел од вагон со старо железо

На 12.10.2016г. на граничен премин Табановце при редовна гранична радијациона контрола на вагони со метални суровини од увоз, Лабораторијата за јонизирачко зрачење при Институтот за јавно здравје на Република Македонија, детектира присуство на радиоактивен извор во вагон со старо отпадно железо од Србија.

Вредностите на измерената доза на јонизирачко зрачење на надворешните делови од вагонот иако се два пати повисоки од вредностите на околниот фон на зрачење, не преставуваат ризик по здравјето на вработените и другите службени лица на станицата Трубарево.

Настанот со препорака забрана за влез во Република Македонија, веднаш е пријавен до МЖ - станица Трубарево  како и до Дирекцијата за радијациона сигурност за натамошни административни постапки за враќање на вагонот во државата на потекло.


EURDEP мрежа

Од 12 Декември 2013, Македонија преку нашиот мониторинг систем е интегрален дел на Европската мрежа EURDEP за континуиран мониторинг на дозата на јонизирачко зрачење во
животната средина. повеќе





Наши услуги

Дозата денес

IAEA - SSDL







Член на светската мрежа на дозиметриски лаборатории  МААЕ-Виена- SSDL

EURADOS

 член на Европската мрежа на
дозиметриски лаборатории – EURADOS

Акредитација

Анкета

https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?usp=drive_web&formkey=dDJUbE1INGNsd1pvWEZuVTNkdngtM3c6MQ#gid=0
Ве молиме за
вашето мислење за нашaтa работа








Map