Фотоволтаични централи

    Благодарение на загарантираниот 25 годишен рок на откуп, преференцијалните цена и достапни програми за субвенционирање, инвестициите во фотоволтаични електрични централи (ФВЕЦ) стануваат се повеќе атрактивни. Клучен фактор за успехот на инвестицијата е правилно планирање и управување на проектот во секоја фаза од неговиот развој:
  • Физибилити студии-вклучуваат стратешко планирање на активностите, сончево енергетска ревизија, оценка на расположливата инфраструктура, добивање на мислење за начинот на пристапување во електричната мрежа, добивање на дозволи од надлежните државни институции;
  • Работен дизајн;
  • Испорака на опрема;
  • Изградба на објектот;
  • Тестирање на работата на системот;
  • Пуштање во работа;
  • Легализација на објектот;
  • Склучување на договор за откуп на електрична енергија;
  • Експлоатација и одржување.

        
Некои стандардни решенија за изградба на фотоволтаични централаи со високо квалитетни компоненти можете да најдете
тука.