КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ НА Р.МАКЕДОНИЈА 

  Почетна   За нас    Новини   Тела   Документи   Контакт

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ НА Р.МАКЕДОНИЈА

Почитувани колеги и колешки,

Конечно имаме своја Комора која ни овозможува заеднички да се избориме за подобар статус на нашата професија.

Се надеваме дека активно ќе се вклучите во нашата заедничка работа, затоа што секоја ваша забелешка, пофалба, критика и предлог се драгоцени и неопходни за успешно делување на Комората на психолози.

На овие страници може да најдете податоци за основањето на Комората на психолози на Р. Македонија, тековните активности, телата на Комората и нејзините членови.

Очекуваме дека што побрзо ќе станете членови на Комората, за да ги уживате Вашите права врзани за вршењето на психолошката дејност, како и да одговорите на законските обврски кои ги имате како професионалци. Наша и ваша заедничка цел е поврзување на професионалците од оваа дејност во едно тело на Комора на психолози на Р.М. која како правен субјект ќе овозможи застапување и заштита на професијата ПСИХОЛОГ.

 Ги повикуваме сите психолози што поактивно да се вклучат во работата на Комората преку испраќање на сугестии, забелешки, предлози и критики. Тоа е неопходно за наша успешна работа.

КОМОРАТА ЈА СОЧИНУВААТ СИТЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНОВИ, А УПРАВНИОТ ОДБОР ЌЕ СЕ ТРУДИ ШТО Е МОЖНО ПОУСПЕШНО ДА ЈА ЗАСТАПУВА ПРОФЕСИЈАТА - ПСИХОЛОГ.