67days since
Почеток на учебна година 2014

25days since
Прва колоквиумска недела 2014

семестар 2014

Катедра ПиТ

Добредојдовте на Катедрата за преведување и толкување и на неофицијалниот веб сајт на Катедрата ПиТ каде ќе можете да најдете актуелни информации околу активностите на Катедрата, распоред на часови, соопштенија и резултати од испити.

Официјалниот сајт на Катедрата  се наоѓа на сајтот на Филолошкиот Факултет “Блаже Конески‘‘. Ова е обид да се презентира интерактивна содржина со активно учество на сите професори и научни соработници при Катедрата ПиТ.

Активноста на сајтот можете да ја видите во првата колона од левата страна.

 За сите прашања поврзани со Вашето студирање обратете се на одговорните лица на 

Катедрата во нивните термини за консултации и на службата за Студентски прашања


Термините за консултации со професорите од  Катедрата за преведување и толкување на следниот линк




Раководител на Катедрата за преведување и толкување:

Доц. Д-р Татјана Панова-Игњатовиќ

panova.ignjatovik@gmail.com



ЕКТС координатор на Катедрата за преведување и толкување:

М-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска 
katarina.gjurcevska@gmail.com





Информации за Kатедрата за преведување и толкување

 

Катедрата за преведување и толкување произлезе од првиот успешен проект на независна суверена Република

Македонија (TEMPUS - PHARE – JEP, бр. 12261-97) одобрен од Европската комисија во Брисел. Taa е иницирана на 26

април 1994 г. со одобрение на ректорот и Универзитетскиот совет, а во исто време и на Владата на Република Македонија.

Обуката на наставниот кадар започна во 1997 гoдина, а наставниот процес стартуваше во академската 2001/2002 годВо проектот учествуваа Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, 

Институтoт Мари Апс од Брисел (Institut Libre Marie Haps) како главен европски

координатор, Високата школа Еразмус за преведувачи и толкувачи од Брисел (Erasmushogeschool van het

Gemeenschapsonderwiis), Институтот за преведувачитолкувачи и меѓународни односи при 

Универзитетот за општествени науки од Стразбур, (Institut de Traducteurs, d’Interprètes et de Relations Internationales –

Université des Sciences Humaines de Strasbourg) и Универзитетот од Хајделберг, (Ruprecht-Karls-Universität Heidelbergво

соработка со Универзитетот од Мајнц (Johannes-Gutenberg-Universität)

Во текот на реализацијата на проектот одреден број наставници и соработници од катедрите за англиски јазик и

книжевност,француски јазик и книжевност, германски јазик и книжевност и македонски јазик и книжевност прифатија да

држат настава на Катедрата за преведување и толкување и во тоа својство во повеќе наврати престојуваа во

горенаведените институции за стручно усовршување.

Истовремено се создадоа и други услови за нормално одвивање на целокупната наставно-научна дејност на Катедрата за

преведување и толкување со средства од заедничкиот европски проект беа изградени и опремени: салата за толкување,

лабораторијата за мултимедијално учење на јазиците застапени на Катедрата, библиотеката на Катедрата за преведување и

толкување.

 

Структура и организација на Катедрата

Наставно - научен и соработнички кадар на Катедрата за преведу­вање и толкување:

Редовни професори:

  1. Д-р Виолета Пирузе-Тасевска (македонска книжевност)
  2. Д-р Добрила Миловска (македонска книжевност)
  3. Д-р Елена Петроска (македонски јазик)
  4. Д-р Катерина Велјаноска (македонски јазик)
  5. Д-р Драги Михајловски (англиски јазик)
  6. Д-р Зозе Мургоски (англиски јазик)
  7. Д-р Димитар Пандев (македонски јазик)
  8. Д-р Науме Радичевски (македонска книжевност)
  9. Д-р Венко Андоновски (македонска книжевност)
  10. Д-р Ранка Грчева (германски јазик)
  11. Д-р Маргарита Велевска (француски јазик)

Вонредни професори:

  1. Д-р Станислава Сташа - Тофоска (македонски јазик)
  2. Д-р Томислав Треневски (македонски јазик)
  3. Д-р Анета Дучевска (македонски јазик)
  4. Д-р Емилија Бојковска (германски јазик)
  5. Д-р Мирјана Алексоска - Чкатроска (француски јазик)
  6. Д-р Ирина Бабамова (француски јазик)
  7. Д-р Снежана Петрова (француски јазик)
  8. Д-р Елисавета Поповска (француски јазик)
  9. Д-р Зорица Николовска (германски јазик)
  10. Д-р Силвана Симоска (германски јазик)

Визитинг-професори:

  1. Д-р Петер Рау (СР Германија) 

Доценти:

  1. Д-р Емина Авдиќ (германски јазик)
  2. Д-р Татјана Панова-Игњатовиќ (англиски јазик)

Виши лектори:

  1. М-р Сања Гавриловска (англиски јазик)
  2. М-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска (англиски и француски јазик)
  3. М-р Јоана Хаџи-Лега (француски јазик)
  4. М-р Слободанка Колемишевска  (француски јазик)

Лектори:

  1. Огнена Никуљски (англиски јазик)
  2. Севда Лазаревска (француски јазик)
  3. Анита Кузманоска (француски јазик)
  4. Калиопа Петрушевска  (француски јазик)
  5. Ирена Павловска (француски јазик)

Странски лектори:

  1. Лектор од Р. Австрија по германски јазик
  2. Лектор од Белгија по француски јазик
Асистенти:
        1. М-р Милена Саздовска (англиски јазик)

Библиотекар при Катедрата за преведување и толкување :

 Димитар Попоски, докторант (@poposkidimitar)



Tермините за консултации со професорите од  Катедрата за преведување и толкување


1.        доц. Д-р Татјана Панова-Игњатовиќ, понеделник и четврток, 11:30-12:30 - Кабинет

2.        Магдалена Симионска, Понеделник 11:15-12:15, Библиотека Англиски

3.        м-р Ѓулијано Исеини,  Понеделник 15:00-16:00, Библиотека ПиТ

4.        д-р Солзица Поповска, Вторник 9:30-10:30, Кабинет од левата страна  пред главниот влез на Филолошки факултет

5.        Славица Несторовска, Вторник 10:00-11:00, Библиотека Германски

6.        м-р Катарина Ѓурчевска-Атанасовска, Вторник и среда 13:00-14:30, Кабинет

7.        Надица Боцевска, Вторник  14:00-14:40 Библиотека ПиТ

8.        м-р Соња Китановска-Кимовска, Вторник 14:30-15:30, Библиотека ПиТ

9.        м-р Сања Гавриловска, Вторник 14:35 - 15:30, Кабинет од левата страна пред главниот влез на       Филолошки факултет

10.     м-р Јана Илиевска, Вера Кандикјан, Вторник 15:20-16:20, Библиотека ПиТ

11.     м-р Николче Мицкоски, Среда, 10:00-11:00, Библиотека ПиТ

12.     м-р Марија Златковска, Среда, 11:30-12:30, Кабинет од левата страна пред главниот влез на Филолошки факултет

13.     м-р Маргарете Заев, Среда, 13:00-14:35, Библиотека ПиТ

14.     Зорица Петковска, Среда, 18:00-18:30, во кабинетот на проф. Д-р Драги Михајловски или по договор по e-mail

 

 

Č
Ċ
ď
Dimitar Poposki,
Jun 20, 2013, 6:59 AM
ċ
ď
Zadolzitelen poimnik za diplomska.ods
(3k)
Dimitar Poposki,
Mar 17, 2014, 3:58 AM
ĉ
ď
Dimitar Poposki,
Sep 14, 2012, 7:02 AM
Comments