ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

 

ПОЧЕТНА

ЗА НАС

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

КОНТАКТ

ФОТОГАЛЕРИЈА

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

 


Годишна програма на Здружението за заштита на културниот идентитет ИЗИДА 41/21-Ресен

 

            Здружението за заштита на култутурниот идентитет е правно регристрирана на 05.05.2008 година, со цел да ја промовира културата и да ги застапува интересите на припадниците на Египќаните во Македонија.

            Здружението во 2009 година ќе продолжи да ја промовира културата на Египќаните, и активно  вклучуување во опшествените случувања.

 

1.      ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ И СТРУКТУРАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

-          Обезбедување канцеларија за работа

-          Техничко опремување на канцеларијата

-          Спроведување на сет обуки за:

·        дефинирање на визија и мисија на здружението

·        Програмски определби и приниципи на работа

·        Годишна програма за работа

·        водење ефективни состаноци

·        финансиско работење за здруженија на граѓани

·        дефинирање на правата и обврските на секој од членовите на здружението

·        комуникација со јавноста и медиумите

·        прибирање на финансиски средства

·        Проектен циклус и управување со проекти

 

 

 

2.      Пормоција на културата на Египќаните во Македдонија.

-Во месец Јануари на 25.01.2009 година ќе се одржи премиера на филмот жими ковачот во големата сала во собранието во Ресен.

-Во мај месец ќе се одржи голем мултиетнички хепенинг во Струга каде што Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните "ИЗИДА 41/21" Ресен ќе земи свое учество, кој ќе се претстави со ковачница,стари египќански слики, и стара Египќанска соба, овој настан ќе се случува во рамките на проектот живеење во мултикултурно опшество „под исто соце“

-Во месец јуни по повод неделата на Египќаните Здружението за заштита на културниот идентитет „ИЗИЗДА 41/21“ ќе организира свечен настан кој ќе ја обележи неделата на Египќаните.

 

3.      Образование и  јакнење на капацитетот на членовте на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните "ИЗИДА 41/21" Ресен.

 

-Во месец февруари ќе се одржи обука за предлог пишување и менаџмент на проекти за европска унија.

Здружението има потреба од ваква обука бидејќи е млада организаија.

Оваа обука ќе биде одржана  во центарот за подршка на заеднците во Ресен.

-На 19.04.2009 (Април ) ќе се одржи презентација кој предавач ќе биде, Др Магдалена Јовановска кој ќе ги запознае Египќаните за половите болести и нивно рано спречување, предавањето ќе се одржи во просториите на центарот за подршка на заедниците.

 

4.      Односи со јавност и медиуми

-Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „ИЗИДА 41/21“ Ресен планира да издаде свој весник кој ќе ја промовира културата на Египќаните и ќе пишува за активностите на здруженито. Овој проект ќе биде подржан од центарот за подршка на заедниците а финансиран од бизнис секторот во Ресен.

-Во месец јануари претставник на здружението ќе има настап на национална телевизија каде што ќе ја промовира културата на Египќаните во Македонија.

 

 

 

5.      Човекови права,родова еднаквост и антирасизам.

 

-Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „ИЗИДА 41/21“ Ресен во месец октомври во партнерство со здруженето „Форум на Млади“ по повод неделата фудбалот против расизмот ќе учествува на прволигашки фудбалски натпревар каде ќе го промовира антирасизмот во Македонија.

 

Претставниците на здружението го задржуваат  правото да  ja дополниат програмата  или да го  менуваат времето на настаните по  потреба.