Зимска школа по астрономија


Македонското астрономско друштво (МАД) има чест да ви ја најави XI Зимска школа по астрономија, која годинава ќе се одржи на 27 и 28 март 2009, на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во рамки на Школата на 14 март ќе биде одржан и Републичкиот натпревар по астрономија.


Сите заинтересирани средношколци и основци од повисоките одделенија се охрабрени да го пријават своето учество кај секретарот на МАД, Олгица Кузмановска-Барандовска (e-mail: olgicak@iunona.pmf.ukim.edu.mk, факс 02 3228141) или кај техничкиот секретар на Институтот, Гоце Игновски (e-mail: goce@pmf.ukim.mk, тел. 023249858).


Во недостиг на настава од областа на астрономијата во Македонија, се надеваме дека интересот за учество кај учениците, но и кај нивните наставници и професори, ќе биде голем со цел да се постигне поголемо присуство и сé подобри резултати на овие републички натпревари.

Comments