Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Вклучи се и ти!

Како може и вие да учествувате? Преку соработка со Македонското и Скопското астрономско друштво, кои се официјални организатори на овој настан за Македонија, може и вие да се вклучите во организацијата или помошта на било кои од активностите кои што ќе бидат набројани и објаснети во продолжение. За повеќе информации околу годината на астрономијата во било кое време посетете го следниов линк. Сите сте повеќе од добредојдени да учествувате во организацијата и помошта околу оваа астрономска година. Обединетите Нации со официјална резолуција во декември 2007 ја прогласија 2009 за Меѓународната година на астрономијата (МГА2009), по иницијатива на Италија, и со главни организатори во светски рамки: Меѓународната астрономска унија (МАУ) и УНЕСКО. Со толку многу настани кои што ни престојат, МГА со сигурност ќе Ви помогне да ја „Откриете Вселената“.

 



Церемонии по повод отворање на МГА

Многу од државите ќе ги имаат своите церемонии на отворање во јануари и февруари, покажувајќи ја својата посветеност кон МГА. И кај нас ќе има една мала пригодна церемонија на отварање со организирање на предавање во кое ќе се објасни годината на астрономијата. Но, за тоа дополнително ќе има известување. Официјалната церемонија на отварање на годината на астрономијата ќе се одржи на 15 и 16 јануари во Париз, Франција, каде ќе учествуваат преку 700 студенти, научници, нобеловци и астрономи од целиот свет. На оваа церемонија ќе присуствуваат и 3 претставници од Македонија: двајца идни астрономи, Филип Парталовски (студент на астрономија на Природно математичкиот факултет во Скопје) и Тања Петрушевска (постдипломец на катедрата по астрофизика на Универзитетот во Трст, Италија) и Мартин Стојановски, член на оранизационот комитет на година на астрономија за Македонија.

 

365 дена на астрономски подкаст

Ова е можеби еден од најинтересни настани во текот на годината на астрономијата, кој ќе се одвива на глобално ниво, и во кој што може да учествува секој кој ќе има некоја идеја за тема од астрономијата која што ќе ја претстави (се разбира на англиски). Овој проект ќе публикува по еден подкаст секој ден, во текот на 365 дена во 2009 година. Како што кажав, епизодите од подкастот се напишани, снимени и продуцирани од луѓето ширум светот. А еве некои од темите кои што се веќе пријавени: инструкции за тоа како да го користите вашиот прв телескоп, 5 години од истражувачките ровери на Марс, Топ 10 причини зошто барањето по небото е интересно, Линкот помеѓу Вселената и пивото се само дел од насловите кои ќе можете да ги слушате во првите неколку недели. Слушајте секој ден, а доколку сакате да придонесете и вие со некој ваш подкаст (со траење помалку од 10 минути), проверете го сајтот за тоа како можете да снимите и да го пратите својот подкаст. Во овие подкасти ќе учесвуваат и многу познати личности од астрономските подкасти низ светот, како и многу личности инволвирани во астрономијата како што се Памела Геј, Фрејзер Кејн, Ненси Аткинсон, Фил Плејт (Pamela Gay. Fraiser Cain, Nancy Atkinson, Phil Plait) и други. Не ги пропуштајте овие подкасти, бидејќи навистина има што да се научи од нив. Можете и да се зачлените за добивање на RSS feed од секој подкаст.


Соларна физика

Како што се чита и во насловот оваа група на граѓаните на светот ќе им го презентира Сонцето и сите феномени што се поврзани за Сонцето. Покрај подкастот и оваа група е една од првите што ги започна своите активности, па со телескопите уште на првиот ден од новата години им се презентираше Сонцето на луѓето во преку 30 земји во светот, каде што се организираа над 150 настани. Аматерите астрономи со своите телескопи, поставени на јавни локации и опсерватории во светот ќе им дозволат на љубителите да го погледнат Сонцето преку специјална опрема. Погледнете ги фотографиите од неколку држави од светот кои веќе започнаа со оваа активност.





Космички дневник

Уште еден пример за глобална активност за време на 2009 година. Овој сајт  започна да работи точно на Нова година и ќе биде пополнуван со секојдневните активности на професионалните астрономи. Повеќе од 50 блогери, професионалци од 35 држави кои работат во организации како што се ESO, NASA, ESA и JAXA веќе имаат напишано текстови за нивните животи, работата која што ја работат и предизвиците со кои се соочуваат. Јавноста може да види како е навистина да бидеш астроном, и како се извршуваат едни астрономски истражувања.

 

100 часа астрономија

Од 2-5 април 2009 година и оваа активност ќе се одвива на глобално ниво преку многу активности како преноси во живо на интернет, набљудувања, предавања итн. Една од главните цели на 100 часа астрономија е да може што повеќе луѓе да погледнат низ телескоп, исто како што тоа го сторил Галилео пред 400 години. Не заборавјате да се зачлените и на форумот кој ќе го најдете тука и кој е модериран од луѓе од Македонија. Како помошник координатор на оваа група во светски рамки е Фросина Илиевска, член на Скопското астрономско друштво.

 

Од Земјата до Универзумот

Овој проект претставува изложба на која ќе бидат презентирани големи астрономски фотографии на широката јавност на некои нетрадиционални места за изложби, како што се паркови и градини, трговски центри и метро станици. Преку 30 земји ширум светот веќе се во завршна фаза на организација на овој проект, во многу од нив изложбите ќе се одржуваат на повеќе локации. 15 земји планираат своите изложби да ги одржат уште во јануари, каде на секоја изложба ќе бидат презентирани помеѓу 25 и 100 фотографии. Оваа група ќе биде презентирана на јавноста на отворањето на годината на астрономијата во Париз, а нивниот веб сајт ќе го видите на тука  Како еден мал допринос кон оваа група, дел од фотографии на Скопското астрономско друштво ќе бидат однесени во Париз и ќе бидат претставени на учесниците на симпозиумот за улогата на астрономијата кај младите, кој ќе се одржи веднаш по церемонијата на отворање на МГА2009. Секако и граѓаните на Скопје и Македонија можат да очекуваат ваков настан да се организира некаде на локација во вашиот град во текот на 2009 година.

 

Светот навечер

На јавноста и презентира колекција од извонредни фотографии и секвенци од долговременски видеа од знаменитестите на Земјата заедно со ноќното небо во позадина. Светот навечер планира да организира повеќе од 30 изложби на кои ќе бидат претставени фотографиите кои се наоѓаат на нивниот веб сајт, а кои ќе бидат поставени низ земјите ширум светот. Една од фотографиите кои влегоа во поширокиот избор и која ќе учествува на изложбите е фотографија направена при едно од теренскте набљудувања на членовите на САД.

 


Заштита на ноќното небо

Една од главните цели на МГА2009 е да ја подигне свесноста за светлосното загадување, и како убавината на ноќното небо секојдневно се намалува токму поради оргомната светлина која ја наоѓаме во урбаните места. Овој проект на практичен начин ќе гледа да ги решава проблемите и да ги запознае луѓето со заштитата на ноќното небо. Еден од начините е со одржување на настани во кои ќе се бројат ѕвездите, каде јавноста ќе биде охрабрена да изврши броење на ѕвездите на одредена локација на небото кои што се видливи од нивната локација. Кога ќе се споредат овие резултати со податоци од навистина темни локации, резултатите се често многу изненадувачки! Настанот „Колку ѕвезди“ ќе започне од јануари 2009.

 


Листа од сите проекти и активности може да најдете и на официјалниот сајт на МГА2009. Од почетната страна можете да најдете линкови до сајтовите на земјите кои што учестуваат во проектот, нивните национални координатори, кои се одговорни за организација на настанот во државата. За Македонија тоа може да го пронајдете тука.

МГА2009 сака да ја инволвира јавноста во што може повеќе настани, а за да помогнат тука се големата армија на астрономи аматери низ целиот свет. Познати по навниот/нашиот ентузијазам оваа армија на помошници расте секој ден, подготвена да ја промовира астрономијата на најразновидни начини. Всушност, илјадници луѓе се веќе вклучени во МГА низ целиот свет, со што е формирана досега најголемата астрономска мрежа.


Не двоуми се, откриј ја Вселената!

Comments