Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Солистички концерт во Виена по повод МГА 2009

Во соработка со Австиската вселенска агенција и Австриската агенција за промоција на истражувањата, на 27 октомври 2009 г. во Австриската академија на науките, г-ѓа Елена Мисиркова, Амбасадор на култура на Р.М. во Австрија и концертен пијанист веќе 20 години, ќе се претстави со свој солистички концерт насловен како “Gallileo Concert” . Концертот ќе се одржи во рамки на презентацијата на Сателитско-навигационата програма “Gallileo” на ЕСА и на Австриската вселенска агенција, а со цел приближување на еден од водечките технолошки проекти на Европската Унија преку уметност и култура до граѓаните и широкиот аудиториум.

Научната презентација на Сателитско-навигационата програма “Gallileo” ќе ја реализира унив. проф. Д-р Bernhard Hofmann-Wellenhof од Техничкиот универзитет во Грац, и воедно претседател на Бордот при Институтот за сателитска навигација и сателитска геодезија.

Во проектот се вклучени повеке австриски министерства - Министерство за наука и истразување, Министерство за образование, уметност и култура, и Министерство за транспорт, технологија, иновација , на чии веб-портали веќе е проследена информацијата за настанот, а се очекуваат и високи делегации од научниот , економскиот, политичкиот и културниот живот на Австрија, како и од Дипломатскиот кор. Очекуваме поздравниот говор да го одржи Вицепремиерот на Австрија д-р Pröll.

Почесен гостин на вечерта ќе биде првиот австриски космонаут во Вселената, дипл. инж. Д-р Франц Фибок (Franz Vieböck), како и австрискиот воен католички бискуп и теолог, проф. Д-р Werner Freistetter (одговорен за наука и истражување при Австриската армија, професор на Виенскиот универзитет-Теолошки факултет), кој во 1991 бил советник на папата Јован Павле II во постапката за рехабилитација и ослободување од црквената пресуда на Галилео Галилеј.

Повеќе информации за оваа манифестација можете да добиете на следниот веб портал: http://www.astronomie2009.at/





   Елена Мисиркова, М.А.
Амбасадор на култура на РМ во Австрија
Comments