Почетен курс по астрономија

Скопското астрономско друштво со задоволство би сакало да го најави 11-тиот почетен курс по астрономија. Друштвото уште од 1999 година, својата прва година на постоење, секоја пролет организира курсеви по астрономија за почетници.

Целта на курсот е посетителите да можат да ги добијат основните знаења од областа на астрономијата, без да им бидат потребни какви било предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери и со многу слики, но со многу малку равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивните тајни... Курсот е така концепиран, да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија.


Плакатот за овогодинешниот курс по астрономија. За поголема резолуција кликнете на фотографијата.

Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно, понеделник и среда, во просториите на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот. Тие ќе започнат на 18 март, а предвидени се 8, од кои едно ќе се одржи во Планетариумот во Скопје. Предавањата ќе завршат на 13 април, по што ќе следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели.

Редоследот на предавања е следниот:

18.03.2009
Сонце
23.03.2009 
Ѕвезди и ѕвездена еволуција
25.03.2009Сончев Систем - планети, џуџести планети и мали тела
30.03.2009
Соѕвездија
01.04.2009  
Координатни системи и астрономски инструменти
06.04.2009Посета на планетариумот
08.04.2009 Основни закони во астрономијата
13.04.2009Космологија
Цената за целокупниот курс (заедно со посетата на планетариумот) е 900 денари. Членовите на Скопското астрономско друштво, како и студентите на ФЕИТ имаат попуст за вакви настани, па за нив цената е 600 денари. Во цената се вклучени:
  • скрипта и CD со материјали од курсот
  • посета на Планетариумот
  • Теренско набљудување со телескопи
  • DVD со документарни филмови
  • софтвер - симулатор на ѕвездено небо
  • завршен тест
  • диплома
За повеќе информации слободно пишете на kontakt@astronomija.com.mk, или јавете се на 070/300899.

Благодарност до Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје за поддршката.
Comments