Астрономски камп Кокино 2009

Активностите по поводот Меѓународната година на астрономијата 2009 не застануваат. Заложбата да се пренесе дел од убавините на астрономијата на граѓаните на Македонија во текот на 2009 беше многу голема. Со најразновидни предавања, јавни набљудувања, изложби на астрофотографии, пишување на астрономицки вести МГА 2009 се одбелењува и кај нас, а ќе продолжи да се одбележува се до крајот на 2009.



Под покровителство на Регионалното биро за наука и култура во Европа (BRESCE), дел од UNESCO и потпомогнато од општината Старо Негоричане во периодот од 18-20 септември 2009 на Мегалитската опсерваторија Кокино ќе се одржи првиот едукативен астрономски камп во Македонија наменет за млади. Во трите дена, кога ќе се одржува овој камп на учесниците ќе им бидат презентирани голем број на предавања од најразновидни астрономски теми, ќе можат практично да се запознаат до планетите во нашиот Сончев систем, да научат нешто повеќе околу набљудувањата низ телескоп и да фотографираат некој објект на небото.





Предавањата ќе бидат одржани во ученичкиот интернат во селото Драгомацне, во близина на Кокино, каде што ќе бидат сместени и сите учесници на кампот. На кампот ќе учествуваат 20 основци и средношколци од повеќе градови од Македонија кои ја сакаат астрономијата и сакаат да научат нешто повеќе за неа. Секој учесник на кампот ќе добие мали подароци, во облик на документарци, предавања, астрономски фотографии и сл, со кои понатаму ќе можат уште повеќе да ги продлабочат своите знаења од областа на астрономијата.

Организатори на овој настан се членовите на Македонското и Скопското астрономско друштво. Главнен покровител на овој настан е UNESCO, или поточно Регионалното биро за наука и култура во Европа BRESCE. Секако сето тоа е под капа на Меѓународната година на астрономијата 2009, каде UNESCO И Обединетите Нации се главни организатори. Голема помош добивме и од општината Старо Негоричане, која ни излезе во пресрет овозможувајќи да ја добиеме оваа прекрасна локација за одржување на астро кампот и ни излезе во пресрет дозволувајќи да го користиме ученичкиот интернат во Драгоманце во текот на кампот.


Повеќе за тоа што има напишано UNESCO за Мегалитската опсерваторија Кокино, можете да прочитате на следниот линк http://whc.unesco.org/en/tentativelists/5413/

Програмата на кампот можете да ја прочитате тука.

За преводот на оваа вест на англиски јазик може да кликнете на следниот линк.

Со надеж за чисто небо сите ќе се потрудиме да ја откриеме Вселената!