Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Започна астрономскиот караван 2009

Со посетата на Битола викендот на 6-ти и 7-ми јуни официјално започна Астрономскиот караван 2009. Проектот е поддржан од проектот Глобален развој на астрономијата (Developing Astronomy Globally), еден од официјалните проекти на МГА2009. Проектот се реализира од страна на членовите на Скопското и Македонското астрономско друштво.

Екипата која што го реализираше караванот во Битола - Биле, Деки, Лазе и Мартин

Како главен организатор на Меѓународната година на астрономијата 2009, Скопското астрономско друштво покрај активностите кои се одвиваат во Скопје во рамките на МГА2009 се заложи дел од активностите да се одвиваат и во другите градови низ Македонија, каде за жал астрономските друштва се многу малку застапени астрономијата како наука, многу тешко пристигнува до граѓаните.


Посетеност на изложбата на астрофотографии во просториите на техничкиот факултет во Битола

Астрономскиот караван во Битола започна со изложбата на астрофотографии кои ги имаат направено членовите на САД. Фотографиите беа изложени во просториите на теничкиот факултет во Битола, каде еден час подоцна, во 18 часот, започна и првото предавање на тема „Црни дупки“. Предавањето го презентираше долгогодишниот член на САД, Билјана Дијанисиева. Второто предавање започна малку подоцна од предвиденото, поради големиот интерес на присутните за феноменот на црните дупки. Предавањето гласеше „Дали стапнавме на Месечината“, презентирано од Мартин Стојановски, едно од најконтраверзните прашања кое веќе со децении е интересно за светската популација. Овие 2 предавања побудија голем интерес кај битолчани, па преку 40 присутни имаше на двете предавања.

Првото предавање на тема Црни дупки

Дали стапнавме на Месечената е вечна тема на која што може да се зборува


Интересот на граѓаните за предавањата беше голем

Откако завршија предавањата, четворицата членови од САД кои го реализираа караванот во Битола се преселија на плоштадот Магнолија во близина на Саат кулата, каде беше поставен еден телескоп низ кој граѓаните на Битола можеа да ги погледнат најпрвин планетата Сатурн, а подоцна и нашиот единствен сателит, Месечината. Ова за најголемиот дел од битолчани беше прво искуство да можат да погледнат низ телескоп. Тие не го криеја својот интерес за да ги погледнат Месечината и Сатурн. Во текот на трите часа во кои телескопот беше поставен на плоштадот Магнолија преку 500 граѓани погледнаа низ телескопот. На секој што ќе погледнеше низ телескопот му беа давани налепници со слика од Сатурн и Месечината на кои пишува: „Го видов Сатурн“, „Ја видов Месечината“. Во контактот што го имавме со битолчани, астрономијата не им е непозната на граѓаните и кај нив има голем интерес за неа.

На плоштадот Магнолија, каде што беше поставен телескопот низ кој можеа да се видат Месечината и Сатурн


На крај да се заблагодарам на сите што помогнаа во реализацијата на овој астрономски караван во Битола: Јужно афричката опсерваторија, која е главниот финансиер на караванот преку проектот за Глобален развој на астрономијата, еколошкото друштво „Молика“ од Битола кое многу ни помогна во логистиката и маркетингот на караванот, техничкиот факултет во Битола кој ни ги отстапи своите простории за да можеме да ги реализираме предавањата и астрономската изложба и секако на граѓаните на Битола кои не посетија овој викенд на предавањата и јавното набљудување.


Астрономскиот караван продолжува и понатаму. Следниот месец ќе го посетиме градот Охрид, а од есен дел од караванот ќе бидат и градовите: Струмица, Штип и Куманово. Подетални информации можете да добиете и на адресите kontakt@astronomija.com.mk и martin@astronomija.com.mk

Comments