Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Астрономски караван 2009 - Охрид

Во почетокот на јуни астрономскиот караван застана во Битола. Следниот викенд, 4-ти и 5-ти јули, караванот ќе биде во Охрид.

Плакатот за астрономскиот караван за Охрид

Во рамките на посетата на Охрид предвидени се следниве активности:

  • Одржување на 2 предавања: „Дали човекот стапнал на Месечината?“ и „Сончев систем“. Предавањата би траеле по 40 минути и би започнале во 18 и 19 часот во сабота.
  • Јавно набљудување на Месечината и планетата Сатурн во текот на вечерта на 4-ти јули, на градскиот плоштад во близина на пристаништето.
  • Изложба на 42 астрофотографии направени од членовите на Скопското астрономско друштво за време на теренските набљудувања во изминатите 10 години. На фотографиите ќе можат да се погледнат најразновидни небесни објекти: маглини, галаксии, ѕвездени јата, планетите од Сончевиот систем, Сонцето и Месечината. Изложбата би била поставена од сабота во 10:00 часот до недела во 15:00 часот.
Целите на проектот се подигање на свеста за астрономијата кај популацијата, особено кај најмладите; зголемување на интересот за истражување и наука кај граѓаните во секојдневниот живот; информирање и учење на граѓаните за убавината на ноќното небо и астрономијата и мотивирање на младите да учествуваат во набљудувања преку телескоп. Цели кои сакаме да се постигнат долгорочно е да се зголеми учеството на граѓаните во астрономските клубови и нивно отворање во градовите каде што ги нема, како и поттикнување на училиштата повеќе да ја застапат астрономијата во настаните програми во основното и средното образование. Повеќе за проектот може да прочитате на следниот линк.

Астрономски караван 2009

За повеќе информации, слободно контактирајте не преку:
kontakt@astronomija.com.mk
070/498345 и 070/300899

Секако, сите активности се бесплатни за посетителите. Доколку сте во Охрид следниот викенд не заборавајте да нè посетите, ветуваме супер дружење!
Comments