Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Астрономски караван 2009 - Охрид извештај

Астрономскиот караван продолжува со закажаните термини за посета на градовите низ Македонија. По посетата на Битола кон почетокот на јуни годинава, следната станица на караванот беше Охрид.

Членовите на Скопското астрономско друштво кои беа дел од караванот во Охрид

Дали стапнавме на Месечина, првото од двете одржани предавања

Црни дупки. Како и секогаш една од најинтересните астроноски теми за кои секогаш сите сакаат да слушнат

Посетеноста на предавањата

Како и во Битола на програмата на караванот беа 2 предавања: „Дали стапнавме на Месечината?“ и „Црни дупки, на кои предавачи беа Мартин Стојановски и Билјана Дијанисиева. Во вечерните часови се одржа набљудување со телескопи на плоштадот во Охрид во близина на градското пристаниште и во просториите на општината Охрид беше поставена изложба на астрофотографии направени од членовите на Скопското астрономско друштво.




Изложбата на астрофотографии

На предавањата кои се одржаа во просториите на општината Охрид присуствуваа околу дваесетмина заинтересирани граѓани, за жал можеби премалку, но сепак присутните имаа шанса поподробно да слушнат за едни од најинтересните теми во астрономијата и за активностите во рамките на МГА 2009 во Македонија.



Имаше интерес за набљудување низ телескопите кај граѓаните во Охрид, но за жал времето не не посајка премногу

Веднаш по предавањата членовите на нашето Друштво се преселија на плоштадот каде беа поставени 2 телескопи со кои требаше да се доловат убавините на планетата Сатурн и нашиот природен сателит Месечината. Но временските услови не ни беа премногу наклоните, облаците комплетно го имаа покриено Сатурн, а Месечината одвреме навреме само на кратко ќе се појавеше, дозволувајќи им на малкумината среќници кои во тој момент ќе се најдеја покрај телескопите да ја погледнат низ окуларот. Многу од граѓаните и по 20-тина минути чекаа надевајќи се дека облаците ќе се расчистат и ќе можат да ја погледнат Месечината, но дел од нив времето не ги посака и не успеаја за прв пат да погледнат низ телескоп.

Да се заблагодарам на општината Охрид и нејзините вработени кои срдечно ни излегоја во пресрет дозволувајќи да ги користиме нивните простории за предавањата и иложбата на астрофотографии. Благодарност на членовите на астрономското друштво од Охрид кои ни помогнаа во маркетиншкиот дел на караванот во Охрид и секако на сите љубители на астрономијата кои го посетија караванот во Охрид.


За крај малку убави фотографии од охридското крајбежје заедно со нашата Месечина

Уште еден убаво поминат астрономски викенд во текот на 2009. МГА и нејзините активности и понатаму продолжуваат како во светски рамки, така и во Македонија. Останува на вас да ја Откиете Вселената!
Comments