Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

Акција за заштита на ноќното небо

Вратете ја назад ноќта!!!

Ова е мотото на кампањата на светот навечер која треба да се одржи од 16-28 март низ целиот свет. Зошто??? Затоа што најмалку двајца од петмина Американци, еден од шест Европјани и еден од десетмина луѓе ширум светот никогаш немаат видено 90% од ѕвездите на ноќното небо. Со половина од населението од светот кое сега живее во градовите, овој проблем станува се полош. А и покрај се, вие можете да бидете дел од локалното решение за овој глобален проблем.

Вратете ја назад ноќта! Издвоете неколку минути за да го набљудувате ноќното небо во местото кај што живеете, и потоа ставете ги вашите резултати на веб прецизирајќи ја локацијата, датумот и времето и за неколку недели ќе видите глобална мапа за светлинското загадување.



Бидете дел од оваа кампања од 16-28 март 2009 и помогнете да го зачуваме нашето природно богатство и за идните генерации. Повеќе информации можете да најдете на следната веб страна www.globe.gov/globeatnight Резултатите можат да се праќаат овде на истата веб страна, од 16-ти март до 7-ми април.

Овој проект е еден од официјалните проекти за заштитита на ноќното небо кои се во рамките на Меѓународната година на астрономијата 2009, а официјалната веб страна на проектот за заштита на ноќното небо можете да ја посетите на следниот линк www.darkskiesawareness.org

Ние премногу ги сакаме ѕвездите за да се плашиме од ноќта!!!
Comments