Насловна‎ > ‎

Астрономски караван 2009

Како дел од активнстите во рамките на Меѓународната година на астрономијата 2009 (МГА2009) имаме чест да ви го најавиме „Астрономскиот караван 2009“. Проект кој ќе се реалзизира во соработка на Скопското и Македонското астрономско друштво и под покровителство на еден од официјалните проекти на МГА2009, „Глобален развој на астрономијата“ - (Developing Astronomy Globally).



Проектот Глобален развој на астрономијата препознава дека астрономијата треба да се развива во три главни полиња: професионално (во универзитети и преку истражување), јавно (преку комуникација, медиуми и аметерски клубови) и образовно (во училишта и неформални образовни структури). Фокусот ќе биде на региони кои немаат јако развиена астрономија, дали на професионално или, пак, аматерско ниво. Имплементацијата ќе се одвива преку тренинг, развој и воспоставување на добра мрежа на комуникација во овие 3 важни полиња. Проектот ќе ја искористи МГА2009 како еден помошник во воспоставувањето на регионални структури и мрежи кои би работеле за развојот на астрономијата во светски рамки. Овие мрежи би ги помогнале сегашните и идните развојни програми во работењето на Меѓународната астрономска унија и други програми кои се наменети за развојот на астрономијата во земјите каде што таа има многу мал развој досега.

Со цел да ги исполниме критеирумите за овој проект беше потребно да се направи една малку подетална анализа на моменталната состојба на астрономијата во Македонија. За таа цел Д-р Гордана Апостоловска, редововен професор на институтот за физика при ПМФ и претеседател на Македонското астрономско друштво ја изработи анализата која доколку сакате можете да ја погледнете на следниот линк.

Што опфаќа проектот:

Посета на 5 градови во Македонија: Битола, Охрид, Струмица, Штип и Куманово, во текот на 2009 година каде што ќе се организираат предавања кои може да ги посетат граѓаните на овие градови, изложба на астрономски фотографии направени од членовите на Скопското астрономско друштво и јавно набљудување на Месечината и планетите Сатурн и Јупитер. Планираните термини по градови кога треба да се реализира овој проект се: Битола 6-7 јуни 2009, Охрид 4-5 јули 2009, Струмица 26-27 септември 2009, Штип 3-4 октомври 2009 и Куманово 31 октомври - 1 ноември 2009 година.



Целите на проектот се кревање на свеста за астрономијата кај популацијата, особено кај најмладите; зголемување на интересот за истражување и наука кај граѓаните во секојдневниот живот; информирање и учење на граѓаните за убавината на ноќното небо и астрономијата; мотивирање на младите да учествуваат во набљудувањата преку телескоп. Цели кои што сакаме да се постигнат долгорочно е да се зголеми учеството на граѓаните во астрономските клубови и нивно отворање во градовите каде што нема, како и потткнување на училиштата повеќе да ја застапат астрономијата во настаните програми во основното и средното образование.

Би ги замолиле граѓаните од горенаведените градови доколку се во можност да ни помогнат во воспоставување на контакт со општините со цел да се обезбедат соодветни локации каде што би се оджеле овие настани да се обратат на e-mail: kontakt@astronomija.com.mk, martin@astronomija.com.mk или пак на телефонскиот број 070-498-345.
Comments