Астрономски друштва

Придружете ни се

Интересно

100 часа астрономија во Скопје

Светскиот проект 100 часа астрономија, како дел од Меѓународната година на астрономијата 2009 беше одбележан и во Скопје. Како дел од планираните активности за МГА 2009 Скопското астрономско друштво го одбележа настанот 100 часа астрономија заедно со граѓаните на Скопје. Временските услови предходните месеци не натераа да стравуваме дали и во текот на овој викенд ќе имаме проблеми со облачноста, но за среќе по подолго време имавме 2 ведри денови во Скопје и заедно со целиот свет учествувавме во овој глобален настан.

 
Налепниците што ги добиваа граѓаните откако ќе ги погледеа
Месечината или Сатурн


 


На плоштадот Македонија во Скопје

Во саботата на 4-ти април преку 2 телескопи кои беа поставени на плоштадот Македонија во Скопје на граѓаните им ја доловивме убавината на планетата Сатурн и Месечината. Повеќе од 1000 граѓани имаа можност да ја видат Месечината одблизу и да видат дека таа е многу повеќе од само една топка која што ја гледаме на небото и која ја рефлектира светлината. Сатурн со неговите прекрасни прстени е секогаш радост за секој што ќе го погледне. Откако ќе го погледнеа соодветниот објект на граѓаните им беа делени налепници со фотографија од Месечината и Сатурн на кои пишуваше „Ја видов Месечината“, „Го видов Сатурн“.

 

Во гратскиот парк во Скопје, најмладите уживаа во Сонцето!

Неделата 5-ти април беше денот на Сонцето, убавото време значеше дека ќе одиме во гратскиот парк во Скопје и ќе им дозволиме на многуте граѓани кои излегоја да уживаат во топлите сончеви зраци, да погледнат и како навистина изгледа Сонцето преку сончев телскоп. Малите дечиња беа најмногу среќни кога ќе го погледнеа Сонцето, а нив ги имаше во голем број, да се надеваме дека некој од нив токму ова прво погледнување на Сонцето низ телескоп ќе им развие желба за астрономијата во иднина.

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете на следните линкови:
http://static.astronomija.co.rs/razno/ad/skoplje/2009/album_100_sati/
http://100hoursofastronomy.org/photo-galleries/category/74-100
http://www.facebook.com/album.php?aid=67936&id=844034593&l=477f2296ca

 

Месечината и Сатурн видени преку фотографија за време на набљудувањето

Останува уште да им се заблагодарам на сите кои што помогнаа во реализацијата на овој проект и до градот Скопје кој што ја поддржа годината на астрономијата 2009 и нејзината реализација во Скопје. Погледнете ги фотографиите тие кажуваат најмногу за тоа што се случуваше за време на 100-те часа астрономија во Македонија.


Comments