100 часа астрономија (2-5 април)

Добредојдовте во деновите кога во целиот свет се одвива проектот 100 часа астрономија. Еден глобален настан, кој има за цел да им ја доближи многу повеќе астрономијата на обичните граѓани, да им се покажат убавините на ноќното небо и да се запознаеме како работат професионалните опсерватории низ светот. Во овие 4 дена, било да е со правење на некоја активност само неколку часа или, пак, 100 часа маратонски настан, важно е учеството и желбата да се биде дел од оваа глобална активност која ги поврзува сите астрономи и жители на нашата планета.


Официјалното лого на настанот


Кои се настаните кои покрај илјадниците настани низ целиот свет ќе се оджат на едно глобално ниво:

- Свеченото отворање ќе се одржи во Френклин институтот во Филаделфија и таму ќе биде прикажан еден од првите телескопи што ги користел Галилео.
- Вебкаст во живо од научни центри, каде што ќе има дискусии на одредени теми на 2-ри април. Набљудувања во живо и други најразновидн програми.
- Околу светот со 80 телескопи. 24 часовна програма во живо од најпознатите опсерватории во светот. Професионалните астрономи ќе ве поведат на една прошетка низ нивните опсерватории во текот на 24 часа на 3-ти април.
- 24 часовна глобална астро журка. 24 часа телескопи низ целиот свет ќе им бидат достапни на граѓаните за да ги погледнат низ нив планетите и Месечината. Целта е што повеќе луѓе во еден ден да погледнат низ телескоп.
- Ден на Сонцето. На 5-ти април ќе биде организиран денот на Сонцето од посбната група за сончева физика. Ќе се слави денот на нашиот најблизок ѕвезден придружник со негово набљудување и со најразновидни предавања на тема Сонце.
- 100 часа далечинска астрономија, каде од 2-5 април неколку опсерватории во светот ќе дозволат бесплатно користење на нивните телескопи. Може да се пријавите и да превземете контрола од некој од тие телескопи неколку часа. Астрономско предзнаење не е потребно.
- 100 часа астрономија џуниор - ова е соработка помеѓу двата проетки на МГА, 100 часа астрономија и проектот Познавање на Универзумот. Овој дел ќе биде насочен кон најмладите.

 
Постерот на 100 часа астрономија


Настани на локално ниво ќе се одржуваат низ целиот свет: набљудувања со телескоп, предавања, астрономски изложби, специјални емисии и многу други работи, а доколку сакате можете и да го снимате вашиот настан за време на 100 часа астрономија и да го пратите на следниот линк http://www.youtube.com/group/starparties, каде што ќе бидат објавени сите пријавени настани за време на 100 часа астрономија кои ќе испратат видео од самото случување. Видете што се случувало низ светот. На официјалниот сајт можете да ги пронајдете сите потребни линкови и да ги гледате снимките во живо од целиот свет. А посетете го и форумот, до кој што модерораат членови на нашето друштво, и таму може да се прочитаат многу интересни настани.

 

Со предавањето за телескопите и небесните координати започна 100 часа астрономија кај нас


Скопското астрономско друштво со своите телескопи ќе биде на плоштадот Македонија на 4-ти април (сабота) од 19 часот, па се додека има заинтересирани граѓани со цел да им овозможиме на граѓаните на Скопје и Македонија да земат учество во овој глобален настан. Со телескопите ќе може да ги погледнете планетата Сатурн и најблиското тело до Земјата, нашата Месечина. На сите кои што ќе набљудуваат ќе им бидат поделени и налепници со објектот кои што го погледнале низ телескопите. Ве покануваме да дојдете на плоштатод во Скопје и сите заедно да уживаме и учествуваме во овој прекрасен настан. Телескопите ќе бидат ставени на располагање на сите без никаков надоместок.

100-те часа веќе започнаа, приклучете се и вие. Откријте ја Вселената
Comments