ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ
- ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
А К Т И В Н О С Т И 10.01.2011 Прв состанок на новото Претседателство на ЗЕМСостанокот се одржа во Ресен во просториите на Центарот за развој на заедницата. На состанокот се дискутираа плановите за 2011 година со посебен акцент на престојниот попис во месец април. Наскоро ќе следи нова веб страница на здружението каде ќе бидат поставени сите информации.
27.10.2009 Настап на Куд Пирамида по повод Јаболкоберот во Ресен |
|
На иницијатива на Младински Совет Охрид, а како дел од проектот за промоција на мултикултурата во Република Маедонија, раководен од ЦИД – Куманово, а финансиски поддржан од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, организирана е мултиетничка вечер. 25 млади, Македонци, Турци, Албанци и Египќани, ги презентираа своите етнички заедници, промовирајки ја социјалната, материјалната и духивната култура, обидувајки се да ги најдат сличностите врз кои треба да се темели соживотот на младите во општина Охрид, што ќе претставува пример за заедничко живеење во регионот.
Египќанска машка и женска народна носија
На мултиетничката вечер на посебни штандови беа претставени народни носии, храна и пијалоци, музички инструменти, покуќнина, а презентери од секоја група извршија кратка презентација на својата етничка заедница. Младите посакаа оваа вечер да премине во традиционална, со цел да се запознае јавноста со карактеристиките на различните етнички заедници, но и да се подоби комуникацијата помеѓу младите, која ќе помогне во надминување на предрасудите и стереотипите кои постојат во општеството, наметнати од возрасните.
|
24.11.2008 РАЗНОВИДНОСТА РАЗВЕСЕЛУВА
09.11.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ОД ОХРИД - НАПИС ВО ВЕБ ПОРТАЛОТ КРАЛЕ МАРКО
Со зголемувањето на активностите на Здружениејата на Египќаните во Република Македонија расте и интересот на пошироката јавност за постоењето на оваа заедница.
Веб порталот Крале Марко на своите страници поместува опширен текст кој задира во прашањето на постоењето на Египќаните во Република Македонија.
Целиот текст превземете го со кликање на посочениот линк:
05.11.2008 MAJOВЦИ НАЈПОЗНАТИТЕ ИЗВЕДУВАЧИ НА „ТЕШКОТО“ СЕ ЕГИПЌАНИ
Според многу устни преданија создавањето на Тешкото се сврзува со легендарните Мајовци, бидејќи нема никакви други податоци за постари свирачи на ова наше најпознато, највредно и најтешко оро. Денес нивните вистински наследници живеат во Дебар. Тие потекнуваат од Петрит, т.е. Перо Мајо од Гари. Негов син бил Мајо, прочуен зурлаџија кој свирел заедно со уште двајца други музичари, кои по националност за себе велеле дека се Еѓупци.
Целиот текст прочитајте го во весникот „ВЕЧЕР“ на следниот линк: МАЈОВЦИ
05.11.2008 KOЈА Е РЕАЛНОСТА НА МЛАДИТЕ ЕГИПЌАНИ - Писмо на Вахид Мехмет до пошироката јавност објавено во весникот „Време“
Знам дека живеам во демократска република, меѓуетничка и меѓукултурна земја во која живеат повеќе национални заедници, но се прашувам дали ова е реалноста или, пак, реалноста е нешто друго. Во Република Македонија од 1991 година постои графа „Египќани“ добиена со многу труд и борба. Но, сепак тие во реалноста се сосема заборавени, оставени на маргините на општеството и дискриминирани во секој сегмент. Се прашувам зошто е тоа така, зарем ние како Египќани не заслуживме малку почит и еднаквост во државните институции како и другите етнички малцинства.. Иако во Уставот стои дека сите националности се еднакви пред институциите на државата, сепак ова не важи за нас Египќаните, мирен и мирољубив народ. Египќаните немаат никаков пристап кон економските развојни програми на државата, ниту пак се вклучени во проекти од невладините организации како ранлива етничка заедница. Стипендиите за финансирање студенти и средношколци буквално се насочени кон Ромите, така што тука Египќаните моментално, случајно или намерно, се заборавени. Египќаните, како и секогаш, се препуштени сами на себе да се снајдат како што знаат и умеат, иако знаеме дека Македонија се стреми да биде мултиетничка и мултикултурна држава. Се надевам дека конечно ќе се разбудат институциите и ќе посегнат по прашањето за Египќаните.
Вахид Мемед
Превземено од весникот „Време“
01.11.2008 „ПОД ИСТО СОНЦЕ“ - ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ ВО СКОПЈЕ
Во организација на ФИОО Македонија на 1 ноември се одржа голем мултиетнички хепенинг. Здружениејата на Египќаните од Битола се претставија со промоција на филмот „Жими Ковачот“, Изида од Ресен со презентација на ковачка работилница, Здружението на Египќаните на Македонија - Охрид со традиционални јадења и фолклорната група од Струга.
За пристап до видео материјалот кликнете
Посебен интерес за статусот на Египќаните покажа американскиот амбасадор неговата екселенција г. Филип Рикер. Тој вети дека ќе го погледа филмот жими ковачот и ја изрази поддршката на залагањата на Египќаните во Република Македонија за што поголема интеграција во општеството и градењето заедничка иднина за сите граѓани на Република Македонија.
30.10.2008 И ЕГИПЌАНИТЕ МУ РЕКОА СТОП НА РАСИЗМОТ
Фаре мрежата секоја година организира „недела протв расизмот во Европа, настан во кој учествуваат пвеќе од 35 земји од Европа. Преку организацијата Форум на млади од Битола, во актовностите се вклучија претставници на „Амон Ра“ од Битола и и ИЗИДА од Ресен.
Настанот се одржа на 26.10.2008 година. Главен дел на настанот против расизам беше натпреварот помеѓу Пелистер и Победа.
25.10.2008 ОДРЖАН КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК СО ДРУГИТЕ ПОМАЛИ МАЛЦИНСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Состанокот се одржа во просториите на Здружението на Хрватите во Република Македонија.

Детали прочитајте од записникот од средбата.
24.10.2008 ОТКАЖАНО ОДРЖУВАЊЕТО НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ
Претседателот на Сојузот на Балканските Егиќани, користејќи го правото предвидено со Статутот го откажа одржувањето на Вториот конгрес на Балканските египќани на неодредено време.
Детали прочитајте во официјалното писмо.
13.10.2008 БОГАТСТВОТО Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ
На 03.10.2008 во домот на културата „Драги Тозија“ – Сарајот, се одржа мулти етнички хепенинг под мотото “БОГАТСВОТО Е ВО РЗАЛИЧНОСТИТЕ”.
Овој мулти етнички хепенинг го организираше Центарот за поддршка на заедниците во Ресен во рамки на проектот “Промоција на мулти етничка Пресепа” финансиран од УСАИД во соработка со Мировниот корпус.
Целта на овој мулти етнички хепенинг беше промоција на мулти етничка Преспа преку успешна заедничка работа за зајакнување на меѓусебните односи и постигнување на хармонија во заедничкото живеење.
Здружението „ИЗИДА 41/21“за заштита на културниот идентитет на Египќаните од Ресен зеде активно учество на настанот претставувајќи ја традицијата и културата на Египќаните во Република Македонија.
Како завршна и нај голема активност на овој проект беа изложени цртежи изработени од ликовната работилница на тема „Богатството е во различностите“.
Беа изложени традиционални јадења, ковачница, стара турска и македонска соба и музика. Филмот “ЖИМИ КОВАЧОТ” го привлече вниманието на посетителите со својата интерпретација на постоењето на Египќаните на почетокот на 21 век
30.09.2008 KВОТА БАРААТ И ЦРНОГОРЦИТЕ, ХРВАТИТЕ И ЕГИПЌАНИТЕ
По едно пратеничко место во Собранието бараат етничките заедници на Црногорците, Хрватите и на Египќаните во Македонија во рамките на најавените промени на Изборниот законик. Претставниците на овие заедници тврдат дека се дискриминирани со предлогот десет гарантирани мандати да им припаднат само на Турците, Србите, Ромите, Власите и на Бошњаците.
- Бараме во Македонија да се воведе хрватскиот модел. Според него, во тамошниот Сабор се обезбедува едно пратеничко место за Македонците, Словенците, Албанците и за Црногорците со тоа што нивните претставници ротираат во парламентот секоја година. Ние имаме право на тоа бидејќи сите заедно сочинуваме 10 отсто од немакедонското и неалбанското население - изјави Мирољуб Орландиќ, претседател на Заедницата на Црногорците во Македонија.
(T.П.)
29.09.2008 ЧЕСТИТКА ЗА ВЕРНИЦИТЕ ОД ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕСТ
На сите верници им го честитаме верскиот празник Рамазан Бајрам со најубави желби за многу успех на личен и професионален план.
26.09.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ПОВТОРНО ВО ПОТРАГА ПО СВОИТЕ ПРАВА
„Многу од нас ќе бидат приморани да станат албанци или роми иако тоа не го сакаат“, велат охридските египќани.
„Под итно бараме прием кај премиерот Никола Груевски како би му ги кажале проблемите со кои се соочуваме“, додаваат тие.
Египќаните од Охрид и понатаму ги бараат своите права кои им припаѓаат согласно уставот на РМ. Сакаат едно пратеничко место во собранието на РМ да им биде загарантирано по примерот на косовскиот модел за што подршка бараат од охридските пратеници.
Од партијата Сојуз на египќани велат дека, уште утре ќе поднесат барање до претседателот на Советот на општина Охрид за да добијат едно советничко место по клуч системот, а вакво барање ќе биде поднесено и во сите општини каде живеат египќани.
„Ќе биде поднесено и официјално барање до градоначалникот на Охрид да се отвори шалтер за египќаните како тие би можеле да си ги остварат своите права без при тоа да бидат изложени на досегашниот игнорантски однос на општинската администрација“, вели Демир Далип секретарот на партијата.
Далип апелира до надлежните институции да не дозволат да се случи асимилација на египќаните кои се втори по бројност во Охрид.
24.09.2008 СИТЕ РАЗЛИЧНИ СИТЕ ЕДНАКВИ
И младите Египќани зедоа учество во проектот"СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ" на градскиот плоштад во Охрид
На градскиот плоштад се одржа и перформансот ,,ЦРНО И БЕЛО,,
Во рамки на хепенингот се одржа и марш по старата охридска чаршија на кој учество зедоа 50 млади од Охрид, предводени од 4 тапанари кои држејки ритам ја предводеа групата која облечена во црни и бели маички, со мотото на кампањата.
Хепенингот е дел од проектот ,,ЦРНО И БЕЛО,, кој Младински Совет го реализираше во изминатиот период, организирајки креативни работилници и средби со младите од Охрид на кој ги промовираше трите столба на кампањата ,,СИТЕ РАЗЛИЧНИ-СИТЕ ЕДНАКВИ,,.
11 млади Египќани беа вклучени во оваа активност.
14.09.2009 ОХРИДСКИТЕ ЕГИПЌАНИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ТРЕТМАНОТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Децата од египќанската заедница имаат проблеми во основното и средното образование кога се декларираат како Египќани, реагираат од политичката партија Сојузот на Египќани. Во соопштението кое денеска го испратија од партијата до медиумите се вели: Како релевантен политички субјект имаме обврска кон нашиот автохтон народ, јавно да обзнаниме дека во последно време, особено при изјаснување на нашите деца во основното и средното образование за нивната национална припадност, секогаш кога ќе се произнесат како Египќани, наидуваат на негодување, дообјаснување и во крајна линија, неприфаќање како такви. Мислиме дека на тој начин уште на самиот почеток на нивното образование нашите деца се поставени во една многу деликатна состојба и статус на личности кои за да се инкорпорираат во седината мораат да ја преземат улогата на докажувачи на својот идентитет. Должни сме да потенцираме дека согласно Уставот на Република Македонија, секој граѓанин има право да се декларира така како што се чувствува, а како информација за неупатените професори и раководни лица, во Заводот за статистика има посебна графа -Египќани, така што државата на некој начин го има регулирано тоа прашање", се вели , меѓу другото во соопштението од Сојузот на Египќани.
Од оваа политичка партија сметаат дека не се работи за дискриминација и подмолни игри на одредени центри на политичка моќ и потенцираат дека доколку продолжат ваквите деградирања ќе се преземат и соодветни законски мерки.
(Превземено од Ohridnews)
07.09.2009 МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР
Еколошката организација ЕРА од градот Пеќ , Косово во рамките на програмата Youth in Action 1 организира 9 дневен семинар во соработка со организации од Македонија и Црна Гора. Доколку има заинтересирани 2 претставници од 19 до 25 години преку Биосфера можат да учествуваат. Повеќе информации прочитајте од прикачениот документ.
LearnExploreBalkansOutdoors_YouthExc.doc
13.08.2008 ТРИБИНА ВО ОХРИД ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ
|
Здружението на Египќани од Охрид, по повод 12-ти август, Меѓународниот ден на младите. "Младинскиот совет на Охрид неодамна спроведе анкета за потребите за изработка на Локален младински акционен план и во неа 5,4 проценти од вкупниот број анкетирани беа Египќани", појасни претседателот на оваа невладина организација, Димче Каневче. Вахид Мемет од Здружението на Египќани рече дека овој народ сепак заслужува да има достоен живот. " Подготвени сме активно да соработуваме со сите кои се залагаат да ни се овозможи подобар живот", додаде Мемет. Лекарката Мирка Танческа која работи на програмата за систематски прегледи во Здравствениот дом, на денешната трибина објасни дека дел од децата од египќанска национална припадност кога доаѓаат на прегледи не знаат како да се изјаснат, дали се Египќани или Роми. И нејзината колешка од одделот за превенција во Здравствен дом, Соња Мариноска потврди дека сите деца и млади имаат еднаков третман во оваа здравствена организација, но рече дека проблем се јавува кога Египќаните ја менуваат адресата на живеење или кога доаѓаат нови жители во Охрид, па се нема увид во списокот за вакцинирање. Младите Египќани во анкетата што ја спроведе Младинскиот совет одговориле дека за нив се скапи курсевите по информатика и јазици, дека имаат потешкотии во засновањето постојан работен однос, но и оти се соочуваат со проблеми при добивањето информации за вработување. Повеќе информации на следние линкови: |
12.08.2008 МЛАДИТЕ ЕГИПЌАНИ И ЛОКАЛНИОТ АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН ЗА ОХРИД
Младински Совет Охрид во рамките на проектот за подготовка на ЛОКАЛЕН АКЦИОНЕН МЛАДИНСКИ ПЛАН го организираше првиот форум за млади на кој учество зедоа 30 преставници на исто толку институции и организации кои работат намолето на младите и младинската политика во општина Охрид.
На форумот, врз основа на осумте приоритети според националната стратегија за млади на Република Македонија беа ордедени 29 цели и повеќе од 100 активностите од кои ќе произлезе првата драфт верзија на Локалниот Младински Акционен План.
Форумот за млади се одржа на 29 и 30 јули 2008 година во летната бавча КАНЕО.
22.07.2008 ЌЕ СЕ ИСКОПУВА ФАРАОНСКИ БРОД
Археолозите ќе ископаат стотина остатоци од античкиот брод од дрво, закопан во подземна просторија во близина на Кеопсовата пирамида во Гиза и ќе се обидат повторно да го состават, пренесува Нетпрес. Бродот стар 4.500 години е сличен на оној што е ископан во 1954 година и чии делови се повторно споени со макотрпни напори на стручњаците. Сакуџи Јошимура, професор на Универзитетот „Васед“ во Јапонија, рекол дека во ноември ќе започне ископувањето на околу 600 делови од бродот.
(Превземено од „Дневник“ )
14.07.2007 ПРИЛОГ НА ТЕЛЕВИЗИЈА ОРБИС ВО БИТОЛА КОН ПРОМОЦИЈАТА НА ФИЛМОТ „ЖИМИ КОВАЧОТ“
Прилогот е е митуван на централното издание вести и истиот во целост можете да го проследите на следниот линк:
03.07.2008 НАПИС ЗА СТАТУСОТ НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ВЕСНИКОТ „ЕГО“
Египќаните во Република Македонија се составен дел на Балканските Египќани, кои своето потекло го имаат од Стариот Египет, уште од најстарите цивилизациски времиња на Балканот. Нивното постоење е евидентирано во многу историографски, археолошки, етнографски, лингистички и други извори. Заедницата на Египќаните во Македонија има свои специфични елементи на својата етно-култура, во својата материјална, духовна и општествена култура, со својата специфична ендогамија но и етно-мимикрија. За оваа проблематика, за ЕГО зборува Нешад Аземовски.
Целиот текст прочитајте го на седниот линк:
01.07.2008 ВО БИТОЛА ПРОМОВИРАН КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „ЖИМИ КОВАЧОТ“
Пред околу осумдесетина граѓани на Битола во Малата сала на Центарот за култура во Битола беше промовиран документарниот филм „Жими ковачот“.
Филмот е резултат на истражувањето на статусот на Египќаните во Република Македонија од страна на Биосфера Парамециум Продукција.
Филмот на специфичен начин го претставува постоењето на Египќаните во Република Македонија, а како додаден вредност му е документирањето на еден занает во изумирање - ковачкиот занает.
Во месеците јули и август предвидени се промоции на филмот во Ресен, Охрид, Кичево, Струга и Скопје.
30.06.2008 ФОТОГРАФИИ ОД ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 18 ГОДИШНИНАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

18.06.2008 ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА НЕДЕЛАТА НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Со пригодни активности и свечености и оваа година ќе виде одбележана манифестацијата „ Недела на Египќаните во Република Македонија“.
РЕСЕН
На 28.06.2008 година во Ресен ќе се одржи манифестацијата „Фолклорот не зближува“ каде ќе настапат културно уметничките друштва на Егпќаните од Ресен и Струга а ќе има и гости на вечерта.
БИТОЛА
На 01.07.2008 година со почеток во 19 часот во Центарот за култура во Битола ќе биде прикажан документарниот филм „Жими ковачот“.
03.06.2008 ВТОР КОНГРЕС НА СОЈУЗОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ЕГИПЌАНИ
Вториот конгрес на Сојузот на Балканските Египќани ќе се одржи на 27 и 28 септември 2008 година во Тирана, Република Албанија.
Текстот на одлуката превземето го од следниот линк:
23.05.2008 МАКЕДОНИЈА ИМА ЕГИПЌАНИ - ГОЛЕМ СОБИР НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД
Во големата сала на домот на културата во Охрид „Глигор Прличев“ ќе се одржи голем собир на Египќаните под мотото:„ МАКЕДОНИЈА ИМА ЕГИПЌАНИ“.
Средбата ќе се одржи во понеделник на 26.05.2008 година со почеток во 18.30 часот.
21.05.2008 МЛАДИТЕ ОД ОХРИД СЕ ЗДРУЖИЈА ВО КОАЛИЦИЈА
06.05.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ВО РЕСЕН ГО РЕГИСТРИРАА СВОЕТО ЗДРУЖЕНИЕ „ИЗИДА 41/21“
На 28.03.2008 година Собранието на здружението на граѓани за заштита на културниот идентитет на Египќаните „Изида 41/21“ од Ресен донесе одлука за регистрација во централниот регистер. Пријавата е одобрена на 05.05.2008 година со што се официјализира работата на здружението.
На фотографијата е претставено логото на ИЗИДА 41/21 кое ја претставува Египетската божица Изида, стилизираното знаме на Република Македонија. Сината боја го симболизира Преспанското Езеро.
Бројот 41/21 се географските координати на градот Ресен во кој се наоѓа седиштето на здружението.
Лице за контакт: Зизо Љамковски 071 880 952.
Е - маил: izidaresen@gmail.com
web: http://izidaresen.googlepages.com
28.04.2008 НОВО РАКОВОДСТВО НА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО ОХРИД
На ден 16.03.2008 година се одржа изборнното собрание на Општинското Здружение на Египќаните-Охрид (ОЗЕ). На собранието се формира координативното тело на ОЗЕ-Охрид составено од млади образовани кадри кои активно работат во остварување на цели од заеднички интерес.
Превземи го целосниот извештај преки следниот линк:
27.04.2008 ЕГИПЌАНИТЕ СЕ СПОМЕНУВААТ И ВО ТЕКСТОТ НА КАМЕНОТ ОД РОЗЕТА
Професорите Аристотел Тентов и Академик Томе Бошевски на научна основа го дешифрираа досега непознатиот текст наа Б каменот од Розета пронајден при археолошки истражувања на древниот Египет од вемето на владеењето на Птоломеите - македонските фараони.
Во текстот интересно е што покрај Данајците (денешните Грци) на Балканскиот Полуостров се споменуваат и Данајците со потекло од Горен Египет - Ѓупците.
Повеќе за истражувањето на прочиатјте на следниот линк:
16.04. 2008 ЕГИПЌАНИТЕ БАРААТ ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРОАКВА
Охридските Египќани бараат соодветна застапеност при новите вработувања во МЈП „Проаква“. Апелираме до директорот на „Проаква“ да ги почитува принципите на Охридскиот рамковен договор согласно кој тие треба да имаат соодветна застапеност при нови вработувања во јавни институции, изјави на прес конференција Демир Далип, претставник на политичката партија Сојуз на Египќани.
Голем број египќани конкурираа за новите работни места во „Проаква“ и убеден сум дека ќе се земе во предвид актуелната социјална положба на овие граѓани и тие соодветно и правично ќе бидат застапени при распределба на новите работни места во МЈП „Проаква“, вели Далип.

Египќаните бараат вработувања во „Проаква“
Ова е прв пат по долго време Сојузот на Египќаните една прес конференција да посвети на реалните проблеми на припадниците на оваа етничка заедница. Впечаток е дека непотребно агресивниот стил и претераното експонирање во јавност на водството на партијата спротивно на очекуваните ефекти придонесоа за опаѓање на интересот на медиумите за нивните активности. Веројатно и затоа последните пресови на партијата или здружението, зад кои дејствува г-нот Демир Далип повеќе се игнорирани од локалните медиуми, на што тој отворено реагираше во јавноста. Решавањето на реалните проблеми на граѓаните подразбира сериозен пристап и затоа одговорноста на политичките лидери, без разлика на големината на партијата, е дотолку поголема, поради што тие мора да водат сметка на јавните настапи да ги застапуваат интересите на граѓаните. Во спротивно тоа е злоупотреба како на граѓаните така на медиумите.
превземено од: www.ohridnews.com
http://ohridlake.com/index.php?mod=1&kat=5&id=3844
16.04.2008 ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА БАЛКАНСКАТА УНИЈА НА ЕГИПЌАНИТЕ
Повеќе од една година во Охрид со доброосмислена акција се врши асимилација на Египќаните од страна на Ромите. Им се ветува и поголема социјална помош и полесно вработување, како и други бенифиции само да се декларираат како Роми, истакна на прес-конференција претседателот на Сојузот на балканските Египќани Рубин Земон, пренесува МИА.
Тој, како што се наведува во веста, вели дека дел од Египќаните се изјаснувале како Албанци или Турци сметајќи дека полесно ќе се вработат според Законот за правична застапеност на етничките заедници.
Во Охрид има околу 2.000 Египќани, а само 69 Роми дојдени во последните 10-ина години, а според Земон, притисокот на Египќаните во Охрид за нивно декларирање како Роми доаѓа од Скопје.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески рече дека со ништо не смее да се наруши хармонизацијата и добрите меѓучовечки односи во Охрид и не смее да се дозволи натамошна асимилација на Египќаните.
Петрески како што пренесе МИА, најавил формирање на комисија за односи меѓу заедниците при Општинскиот совет, а исто така дека е во тек и акцијата за збратимување на Охрид со Александрија во Египет.
превземено од: www.ohridnews.com
http://ohridnews.info/index.php?mod=1&kat=4&id=2554
15.04.2008 ЕГИПЌАНИТЕ ПРИЗНАТИ ВО УСТАВОТ НА КОСОВО
Во член 64 од Уставот на Косово се вели дека едно место во Парламентот е загарантирано за припадницита на Египќаните како национално малцинство. Уште едно дополнително место ќе му припадни на заедницата која ќе освои најмногу гласови помеѓу Ромите, Ашкалиите и Египќаните.
Целиот текст на уставот на Косово на англиски јазик во .PDF формат можете да го превземите со кликање на следниот линк:
25.03.2008 ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД
Во Охрид, Здружението на Египќаните на Македонија одржа прес-конференција.
Видео материјалот погледнете го на следниот линк:
http://www.youtube.com/user/ubegypt
Прочитајте го и соопштението за јавноста:
17.02.2008 ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ОСНОВАЧИТЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
На 17.02. 2008 година претставници на Здружението на Египќаните на Македонија и Унијата на Балканските Египќани положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на Усни Земоски и Назми Арифи.
Според зборовите на Д-р Рубин Земон на овој начин се дава придонес кон градењето на новата историја на идентитетот и националното освестување на Египќаните не само во Република Македонија туку и пошироко.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ПРИСТАП ДО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ
15.02.2008 СПОРТ: ФАРАОНИТЕ ЦАРУВААТ
Најновото, 26. издание на фудбалскиот Куп на Африка, дваесетина дена на глобален план оствари медиумска доминација. „Црниот континент“, колепката на човештвото, преполн со живот, рудни богатства, борба за опстанок, рамнотежа до незамисливи граници и уште понезамислив глад кој само докажува дека со светските текови и натаму нешто не е во ред, повторно како и секои две години беше во центарот на светското интересирање.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ПРОЧИТАШ ЦЕЛИОТ ТЕКСТ
14.02.2008 РУБРИКА: ЕГИПЌАНИ ДОКАЖАНИ ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА
Нешад Аземовски преку својата организација БИОСФЕРА зеде учество на 9тиот состанок на Работната група за спроведување на Архуската конвенција што се одржа во седиштето на Обединетите Нации во Женева, Швајцарија.
На состанокот учествуваше како претставник на земјите од Југоисточна Европа во подготовката на третата министерска средба на земјите потписнички на Архуската конвенција што од 11 до 13 јуни ќе се одржи во градот Рига во Латвија.
Повеќе за состанокот прочитајте на следниот линк: :
http://www.unece.org/env/pp/wgp.htm#9thwgp
Повеќе за средбата во Рига прочитајте на:
http://www.unece.org/env/pp/mop3.htm
10.02.2008 EГИПЌАНИТЕ БАРААТ ГАРАНТИРАНО МЕСТО ВО ПАРЛАМЕНТОТ
Во изданието на УТРИСНКИ ВЕСНИК од 09.02.2008 година објавен е написа за барањето за гарантирано место во Парламентот на Република Македонија со еден заеднички претставник на Египќаните, Хрватите и црногорците - национални заедници кои не се застапени во Преамбулата на Уставот на Република Македонија.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ПРОЧИТАШ ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ОБЈАВЕН ВО УТРИНСКИ ВЕСНИК НА 09.02.2008 година
09.02.2008 ЗНАМЕТО НА КОВАЧИТЕ ВО РЕСЕН
Претставници на Здружението на Египќаните од Битола „АМОН РА“ во соработка со Биосфера Парамециум продукција снимија краток документарен филм за ЗНАМЕТО НА КОВАЧИТЕ - ЕСНАФИ во Ресен. Знамето се смета дека е старо околу 300 години. Благодарение на семејството Демировски од Ресен истото е зачувано до денес. Традиција било кога се оди по невестата на чело да биде знамето. Без знамето Египќаните не можеле да замислат свадба. Со повторното откривање на овој елемент на материјалната култура на Египќаните се надеваме дека традицијата ќе продолжи во духот на новото време и генерациите кои доаѓаат.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДА ГО ВИДИШ КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
09.02.2008 РАБОТЕН СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Во просториите на Здружението на Египќаните на Македонија се одржа работен состанок на Претседателството. На состанокот присуствуваа и Рубин Земон од Унијата на Балканските Египќани и Нешад Аземовски. И двајцата го понудија своето искуство на Претседателството во креирањето на Годишната програма и активностите за јакнење на капацитетот на Претседателството. Договорено е на 17 февруари да се одржи првиот работен семинар на тема: Дефинирање на приоритети и пишување на предлог проекти.
30.01.2008 ОДРЖАН КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК ВО БИТОЛА
Во просториите на „АМОН РА“ - Здружение на Египќаните на Битола се одржа консултативен состанок со потпретседателот на Здружението на Египќаните на Македонија г. Омер....
Разговарано е за потребата од јакнење на капацитетот на новоизбраното раководство. За 9 февруари 2008 година предлоено е да се свика првиот состанок на новото Претседателство во Охрид.
29.01.2008 ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НА ПАРТИЈАТА СОЈУЗ НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Политичката партија Сојуз на Египќаните на Македонија предводена од г. Демир Далип (потпретседател за политичкли прашања) во рамките на своите активности разговараше со Градоначалникот на општина Битола г. Владимир Талески за статусот и состојбата на Египќаните во Битола. На состанокот како гостин присуствуваше и г. Нешад Аземовски претставник на АМОН РА.
Градоначалникот на општина Битола изрази силна поддршка во развојот на демократијата во Република Македонија и придонесот што Египќаните преку своите форми на дејствување го даваат во заштита на малцинските права и сопствениот идентитет.
27.01.2007 ОДРЖАНО СЕДМОТО ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Во салата на Советот на општина Охрид се одржа седмото изборно собрание на Здружението на Египјаните на Македонија.
Избрано е новото раководство и програмата за работа.
На изборното собрание учествуваа делегати од Струга, Охрид, Ресен, Битола и Кичево.
Истакната е потребата од јакнење на локалните организации и поголем апромоција во јавноста и медиумите.
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ПРИСТАП ДО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ

















































