МИКРОЧИПИРАЊЕ НА КУЧИЊА
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ СО
МИКРОЧИП - ИМПЛАНТАНТ
Европската федерација на ветеринари за мала пракса ( ФЕЦАВА ) препорачува задолжително обележување на домашните миленици со вградување- имлантација на микрочип. Исто така и Светската кинолошка федерација-ФЦИ (Федератион Цѕнологиљуе Интернатионале) од 01.01.2010 дозволува учество на кинолошки манифестации-изложби само на микрочипирани кучиња. На тој начин ќе се оствари целокупна евиденција на бројната состојба на кучињата во државите, ќе се овозможи утврдување на идентитетот во случај на губење, залутување, кражба и идентификација на: изложби, натпревари, промет, гранична контрола, судски вештачења итн.
Нашите закони од областа на ветеринарното здравство
не се во целост ускладени со европските стандарди, регулативи и директиви на оваа
тематика и проблематика. Здружението за мали животни МСАВА го актуелизира ова прашање
и оцекуваме наскоро во целост да се дефинира обележувањето кај домашните миленици.
Микрочипот (Имплантантот) е електронски елемент одобрен од ЕУ, со мали димензии кој се имплантира поткожно најчесто од левата страна на вратот зад увото или помеѓу плешките. Во него е запишан идентификацискиот број, а секој микрочип има единствен 15 цифрен број и не постојат 2 микрочипа со ист број.
Пред секој број стои кратенка со кодот на државата или на производителот. Идентификациониот број се заведува во базата на податоци каде што постојат сите информации за миленикот и за неговиот сопственик. Со секој микрочип одат и налепници со кодот и бројот кои се лепат на книшката за вакцинации, родовникот, работната книшка, амбулантниот протокол итн. Некои компании препорачуваат и пополнување на обрасци.
Микрочиповите се најцесто направени по ИСО стандардти. Еднаш внесениот микрочип останува трајно под кожата на миленикот и не предизвикува реакции или отфрлање.
Проверката -читањето на вака обележените миленици се врши со микрочитачи кои се исто така најчесто универзални и спред ИСО стандарди.