Скопското астрономско друштво со задоволство би сакало да го најави 11-тиот почетен курс по астрономија. Друштвото уште од 1999 година, својата прва година на постоење, секоја пролет организира курсеви по астрономија за почетници. Целта на курсот е посетителите да можат да ги добијат основните знаења од областа на астрономијата, без да им бидат потребни какви било предзнаења од оваа наука. Низ секојдневни примери и со многу слики, но со многу малку равенки, ќе се обидеме да ви ги доближиме астрономските термини и нивните тајни... Курсот е така концепиран, да ги следи темите кои ги обработува кој било учебник по астрономија.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно, понеделник и среда, во просториите на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот. Тие ќе започнат на 18 март, а предвидени се 8, од кои едно ќе се одржи во Планетариумот во Скопје. Предавањата ќе завршат на 13 април, по што ќе следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели. Редоследот на предавања е следниот:
Благодарност до Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје за поддршката. |










