Астрономски камп „Кокино“ - Oфицијална програма -
Петок, 18 септември 2009 До 15:00: Пристигнување на
учесниците на кампот во Скопје; 16:00 – Тргнување од Скопје; 17:30 – Пристигнување во интернатот во село Драгоманце и сместување; 19:00 – Неофицијално отварање на кампот: · Изложување на проектот и програмата; · Регистрација на учесниците и неофицијално обраќање на организаторот; · Делење во групи за набљудување; · Делење на едукативен материјал; 20:00 – Тргнување кон набљудувачкото место и набљудување на терен до раните утрински часови; (Алтернативна програма во случај на лошо време: предавање, гледање на документарен филм, мини курс по астрофотографија и користење на астрономски софтвер)
Сабота, 19 септември 2009
09:00 – Појадок; 10:00 – Предавање: Марија Николиќ – „Екстрасоларни планети“ 11:30 – Тргнување кон Кокино; 12:00 – Официјално отворање на кампот: · Кратко изложување за проектот, МГА2009, програмата; · Поздравен говор на градоначалникот на општина Старо Нагоричане, г-дин Миодраг Јовановиќ; · Обраќање на претседателот на МАД, доцент д-р Гордана Апостоловска; · Посета на мегалитската опсерваторија и излагање на археологот Јовица Станковски; 14:00 – Тргнување од Кокино и враќање во интернатот; 14:30 – Ручек; 15:30 – Предавање: Гордана Апостоловска – „Малите тела во Сончевиот систем“; 16:30 – Работилница: Изработка на макета на Сончевиот систем; 18:30 – Пауза (игри); 20:00 – Тргнување кон набљудувачкото место и набљудување на терен до раните утрински часови; (Алтернативна програма во случај на лошо време: предавање, гледање на документарен филм, мини курс по астрофотографија и користење на астрономски софтвер)
Недела, 20 септември 2009
09:00 – Појадок; 10:00 – Пополнување на прашалник, дискусија, игра, делење на сертификати; 11:30 – Предавање 12:30 – Астрономски квиз – Тргнување кон Скопје |









