Во почетокот на јуни астрономскиот караван застана во Битола. Следниот викенд, 4-ти и 5-ти јули, караванот ќе биде во Охрид.
Плакатот за астрономскиот караван за Охрид
Во рамките на посетата на Охрид предвидени се следниве активности: - Одржување
на 2 предавања: „Дали човекот стапнал на Месечината?“ и „Сончев
систем“. Предавањата би траеле по 40 минути и би започнале во 18 и 19
часот во сабота.
- Јавно набљудување на Месечината и
планетата Сатурн во текот на вечерта на 4-ти јули, на градскиот плоштад
во близина на пристаништето.
- Изложба на 42
астрофотографии направени од членовите на Скопското астрономско друштво
за време на теренските набљудувања во изминатите 10 години. На
фотографиите ќе можат да се погледнат најразновидни небесни објекти:
маглини, галаксии, ѕвездени јата, планетите од Сончевиот систем,
Сонцето и Месечината. Изложбата би била поставена од сабота во 10:00
часот до недела во 15:00 часот.
Целите на проектот се подигање на свеста за астрономијата кај
популацијата, особено кај најмладите; зголемување на интересот за
истражување и наука кај граѓаните во секојдневниот живот; информирање и
учење на граѓаните за убавината на ноќното небо и астрономијата и
мотивирање на младите да учествуваат во набљудувања преку телескоп.
Цели кои сакаме да се постигнат долгорочно е да се зголеми учеството на
граѓаните во астрономските клубови и нивно отворање во градовите каде
што ги нема, како и поттикнување на училиштата повеќе да ја застапат
астрономијата во настаните програми во основното и средното образование. Повеќе за проектот може да прочитате на следниот линк.
Астрономски караван 2009За повеќе информации, слободно контактирајте не преку:kontakt@astronomija.com.mk070/498345 и 070/300899 Секако, сите активности се
бесплатни за посетителите. Доколку сте во Охрид следниот викенд не
заборавајте да нè посетите, ветуваме супер дружење!
|
|