Во четврток, на 20 декември 2007 година, во 09:30 часот, Обединетите Нации на своето 62 Генерално Собрание донесоа резолуција за прогласување на 2009 година за Меѓународна година на астрономијата (МГА). Предлог резолуцијата ја поднесе Италија, а Меѓународната астрономска унија (IAU) и UNESCO ќе бидат главни координатори во подготовките за одбележување на 400 години од првите набљудувања со телескоп. Со слоганот „Откриj ја Вселената“ отпочнаа подготовките за МГА 2009 и во Македонија.
За Меѓународна година на астрономијата 2009 (МГА 2009) Меѓународната астрономска унија ја прогласи 2009 година за година на
астрономија, и таа ќе ги координира сите активности на меѓународно ниво
(27 октомври 2006 година, Минхен). Оваа иницијатива е покрената со
намера да ги потсети сите жители на нашата планета на огромната и
значителна улога што астрономијата ја има во развојот на науката,
технологија, образованието и културата, како и да постави вистински
основи за навремено и соодветно информирање на јавноста за најновите
астрономски откритија. Официјалниот сајт на годината на астрономија - Зошто токму 2009 година треба да биде Меѓународна година на астрономијата? Галилео Галилеј во 1609 година за прв пат го вперил телескопот кон ноќното небо и дошол до неверојатни откритија, кои засекогаш го изменија нашето разбирање на светот околу нас. Галилео открил планини и кратери на Месечината, четири месечини на Јупитер (Јо, Европа, Ганимед и Калисто), како и тоа дека „лентата“ на Млечниот Пат е составена од огромен број на ѕвезди (кои не ги гледаме со голо око како поединечни ѕвезди, туку како магличеста светла трага на небото). Во историјата на астрономијата, 1609 година се зема како почеток на модерната ера на астрономијата, т.е. како почеток на телескопската ера. Астрономските опсерватории во целиот свет денес имаат најсовремени телескопи и набљудувачка опрема која ветува одговори на многу важни прашања, што ги поставуваме сакајќи да го разбереме светот што нè опкружува, како на пример, како настануват ѕвездите и планетите, како се групираат галаксиите, како тие еволуираат и каква е вистинската структура на Вселената. Астрономијата е најстарата наука во историјата на човештвото и таа играла многу важна улога кај многу, ако не и кај сите цивилизации во светот. Благодарение на современите телескопи и вселенски летала, астрономијата го продолжува својот забрзан напредок, при што речиси секојдневно нè збогатува со нови знаења и нови откритија кои го одземаат здивот. Астрономијата дава голем придонес во општеството и во културата воопшто, поттикнувајќи ги луѓето, особено помладите, да го продолжат свој интерес за науката воопшто, а не само за доменот на астрономијата. МГА 2009 ќе одбележи монументален скок во напредокот во користењето на телескопите и астномските набљудувања во однос на тоа како тоа го правел Галилео Галилеј. МГА 2009 ја претставува астрономијата како мирољубива научна дициплина, која ги обединува сите научници во едно големо семејство на научници, кои работат заедно на откривање на одговорите на најфундаменталните прашања.
1. Зголемување на научната свест кај пошироката јавност;
1. Четири дена астрономија (100 часа астрономија);
Меѓународната астрономска унија (MAУ) е меѓународна астрономска организација која обединува околу 10 000 истакнати астрономи од сите нации и сите земји во светот. Мисијата на MAУ е да ја промовира астрономија низ сите облици на меѓународна соработка. Генералното собрание на МАУ се одржува на секој 3 години. Меѓународната астрономска унија основа Секретаријат за координирање на активностите за одбележување на МГА 2009, кој треба да раководи со сите подготовки на меѓународно ниво. Ова ќе се реализира со помош на 100 национални координатори од 100 различи земји во светот и истакнати астрономски институции, како што се најголемите опсерватории, НАСА, Европската вселенска агенција, тимот на вселенскиот телескоп Хабл, астрономските списанија како Sky&Telescope, Astronomy и др. Секој од координаторите претставува т.н. SPoC (Single Point of Contact), т.е. лице кое е врска помеѓу МАУ и локалната астрономска заедница во матичната земја.
1. Преведување и дистрибуција на официјалниот постер на Меѓународната астрономска унија за одбележување на МГА; Основни цели на националниот одбор за годината на астрономијата се: - Популаризација на астрономијата помеѓу граѓаните на Македонија (особено помеѓу помладите) Астрономски институции и друштва во Македонија 1. Македонско астроносмко друштво Младинската мрежа Blue sky, списанието за популаризација на науката и техниката ЕМИТЕР и градот Скопје
|










