ГЕФ ПМГ Македонија

Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови - ГЕФ ПМГ

Global Environment Facility Small Grants Programme -

GEF SGP Macedonia

 Community Action Global Impact

Акција на заедницата Глобално влијание

ДОКУМЕНТИ (тука)
ПРОЕКТИ (информации и фотографии) (овде повеќе) и (овде за 2005-2006)
ПРЕЗЕНТАЦИИ (овде)
ПУБЛИКАЦИИ (овде)
НАПИСИ (овде)
 
GEF SGP Macedonia Calendar 2011
Календар на ГЕФ ПМГ Македонија 2011 (овде)
 
 

ГЛОБАЛНА ВЕБ страница со сите претходни и тековни проeкти на ГЕФ ПМГ во повеќе од 100 земји на Англиски јазик (тука)

Програмска стратегија на ГЕФ ПМГ Македонија, на Англиски јазик (тука)

Национален управувачки комитет (НУК) на ГЕФ ПМГ Македонија (тука)

Информација од одржан настан: еднодневна обука во Клуб на пратеници Скопје на 23.04.2007 (тука
Список на присутни (тука
Информација и Дневен ред за еднодневна обука за ГЕФ ПМГ Македонија - 23.04.2007 во Клуб на пратеници во Скопје (тука)

 

 

ГЕФ ПМГ Македонија на YouTube (тука)

GEF SGP Macedonia on YouTube (here)


Повик за поднесување

Проектни Концепти / Предлог Проекти

ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФ

ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГ

За Македонија за 2010 г.
 
НАПАТСТВИЈА КРИТЕРИУМИ ФОРМУЛАРИ ЗА ПК и ПП -СЕПТЕМВРИ 2010-
видете на крајот (дното) на страницава
 

Глобалиот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ за Македонија (Global Environment Facility Small Grants Programme – GEF SGP Macedonia) објавува повик за поднесување на Проектни Концепти / Предлог Проекти во централните области:

·    Зачувување на биолошка разновидност,

·    Заштита на меѓународни води,

·    Ублажување на климатски промени,

·    Борба против деградација на земјиштето/одржливо управување со земјиштето,

·    Отстранување на неразградливите (перзистентни) органски загадувачи (НОЗ),

·    Неколку централни области.

Право за пријавување имаат регистрирани Здруженија на граѓани (ЗГ) активни во областа на заштитата на животната средина како и Здруженија на граѓани кои работат во други области.

Пријавувањето на Проектните Концепти (ПК) / Предлог Проектите (ПП) се врши според „Напатствија, Критериуми и Формулари за пријавување на проектни концепти и предлог проекти (верзија септември 2010)“ кои може да се најдат на: www.gefsgpmacedonia.org.mk или да се добијат по електронска/ редовна пошта од Канцеларијата на ГЕФ ПМГ Македонија со испраќање на електронска порака на info@gefsgpmacedonia.org.mk со предмет: Напатствија за повик 2010.

Здруженијата на граѓани кои се пријавуваат, се повикуваат да ги следат Напатствијата и да ги употребуваат дадените формулари. Предложените активности и резултати мора да се во согласност со централните области и оперативните програми на ГЕФ ПМГ и мораат да ги исполнуваат наведените критериуми детално образложени во Напатствија, Критериуми и Формулари за пријавување на проектни концепти и предлог проекти (верзија септември 2010).

Краен рок за поднесување на Проектни Концепти е

ПОНЕДЕЛНИК, 15.11.2010 до 17.00 ч.

 

Краен рок за поднесување на Предлог Проекти е

ПОНЕДЕЛНИК, 27.12.2010 до 17.00 ч.

Очекувана временска рамка на Повикот 2010: Одлучување по поднесените предлог проекти: јануари 2011; информација за одобрени за финансирање проекти: февруари 2011; потпишување на Меморандумски договори: февруари-март 2011; планиран почеток на проектните активности: март-април 2011.

 
 

Резултати од повикот за 2009 во Информаторот бр. 4

===================================

 Глобалниот Еколошки Фонд-ГЕФ (Global Environment Facility - GEF) обезбедува финансиска помош за државите во развој и за државите со економии во транзиција за покривање на зголемените трошоци во врска со заштитата и управувањето со глобалната животна средина. ГЕФ Програмата за Мали Грантови (ПМГ) е корпоративен дел од ГЕФ; е спроведувана од УНДП во име на трите спроведувачки агенции на ГЕФ – Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП), Светска Банка (СБ) и Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП) – и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации (УНОПС).
Уште од самиот почеток во 1992,
ГЕФ ПМГ преку поддршката на здруженија на граѓани (ЗГ), промовира основна акција за адресирање на глобалните грижи во областа на животната средина. ПМГ има за цел да доведе до глобални еколошки користи во централните области (ЦО) и Оперативните Програми (ОП) на ГЕФ ПМГ:

·   Зачувување на биолошката разновидност (БР)

·   Заштита на меѓународните води (МВ)

·   Ублажување на климатски промени (КП)

·   Спречување на деградација на земјиштето (ДЗ)(примарно обезшумување и ерозија)

·   Отстранување на неразградливите органски загадувачи (НОЗ) преку локални пристапи

Цел: Глобални еколошки придобивки обезбедени во Централните Области на ГЕФ преку иницијативи и активности базирани на локално ниво (на заедницата). Придобивките се: заштитена животна средина, намалена сиромаштија и одржлив локален развој.
ГЕФ ПМГ работи на децентрализиран, демократски, тренспарентен начин,
Националниот Координатор и волонтерскиот Национален Управувачки Комитет (НУК) на национално ниво, како и преку Централниот Тим за Менаџмент на Програмата (ЦТМП) во Њу Јорк.
Факти и бројки за ГЕФ ПМГ:

·                 во ГЕФ ПМГ досега учествуваат 121 земја,

·                 финансии: 350 мил СAД$ дадени од ГЕФ и преку 350 мил СAД$ од други во готовина и во материјал

·                 максимален износ на грант за проект е 50.000,00 СAД$, со просечна износ на грант од 20,000 САД$.

·                 Глобалното потфолио на Проектите на ГЕФ ПМГ се состои од 60% биолошка разновидност, 20% намалување на промената на климата, 6% заштита на меѓународните води и 14% мулти фокални теми.

·                 досега, на глобално ниво, финансирани се преку 10.000 проекти.

Во Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со номинацијата на Националниот Координатор на 01 мај 2005.

Вовед во Програмата за мали грантови (ПМГ)

Програмата за мали грантови на Глобалниот Еколошки Фонд поддржува активности на НВО и Граѓански здруженија за развивање на земјата преку проекти од областите од интерес на ГЕФ, односно:

·                 зачувување на биолошката разновидност,

·                 заштита на меѓународните води,

·                 намалување на гасовите кои предизвикуваат климатски промени,

·                 спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумувањето и опустинувањето) и

·                 отстранување на неразградливите органски загадувачи (НОЗ) преку локални пристапи.

Стратешки насоки за националните стратегии:

·                                         Влијание (impact orientation): влијанијата на проектите мора да бидат определени и наведени; т.е. кои се клучните влијанија врз животната средина, врз намалувањето на сиромаштијата и врз зајакнувањето на локално ниво

·                                         Фокусирање кон поголемо влијание: проектите треба да се помалку распространети за да се добие синергија и критична маса; фокусот треба да е географски и/или тематски

·                                         Мобилизирање на ресурси: иницијативите на ПМГ може да бидат зголемени, реплицирани и (само)одржливи

·                                         Градење на одржливост: како националната програма може да продолжи со намалени или без ресурси од ГЕФ

Како може да се аплицира за Програмата за мали грантови?
ПМГ поаѓа од ставот дека глобалните еколошки проблеми најдобро може да бидат адресирани доколку во нивното решавање се вклучени луѓето од локалните заедници и доколку истите имаат дирекна корист од тоа.
За да можат да бидат финансирани предлог проектите од ПМГ, тие треба да ги изразуваат критериумите наведени во Програмската Стратегија на Земјата (ПСЗ) за ПМГ, која треба да биде одобрена од волонтерскиот Националниот Управувачки Комитет (НУК), кој всушност е одговорен за финалното одобрување на грантовите, за помош при изработката на предлог проектите, како и за нивно следење и оценување. Напатствијата, Критериумите и Формуларите даваат исцрпни податоци за кој, како, кога, каде и зашто да поднесе предлог проект.

Истовремено, проектите треба да бидат во линија со
Оперативни Програми (ОП) воспоставени од ГЕФ.
Во областа на
биолошката разновидност, активностите треба да ја промовираат заштитата и одржливото користење на биолошките ресурси во сушните и во полу-сушните предели, водните и крајбрежните екосистеми, шумските екосистеми и планинските екосистеми.

Во областа на
климатските промени активностите треба да демонстрираат отстранување на локалните бариери за зачувување на енергијата и за енергетска ефикасност или промовирање на користењето на обновливи извори на енергија.

Во областа на
меѓународни води, активностите треба да се однесуваат на еколошкиот акцент на меѓуграничните водни површини, заканите од површинското и подземното загадување што го одредуваат квалитетот на водите, превенција од опасни супстанци и тешки метали кои не можат да бидат неутрализирани во водните екосистеми и сл.

Во областа на
деградација на земјиштето активностите треба да се однесуваат на: заштита и реставрација на сушни и полу-сушни области, интегрирано управување со водените површини, заштита на земјиштето, пошумување, заштита од шумски пожари и сл.

Во областа на
неразградливи органски загадувачи (ПОПс) активностите може да се во областа на реализирање на планираните активности во Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на НОЗ во Македонија, како и демонстрација на иновативни и кост-ефективни технологии и примени (несогорување на производи, чисти технологии, итн.

Критериуми на земјата за вклучување во ПМГ:

·                         Ратификувани Конвенцијата за биолошка разновидност и Конвенцијата за климатски промени

·                         Интерес на Владата за заедничко вклучување во програмата и поддршка во имплементација на програмата. Ова вклучува воспоставување на Национален Комитет кој треба да биде составен од претставници од НВО и граѓанските здруженија, академијата, Владата, УНДП и др, но со мнозинско учество од НВО-и.

·                         Постоење на капацитети на локалните НВО и граѓански здруженија за развој и имплементација на проекти во областите од интерес на ГЕФ .

·                         Поддршка од страна на УНДП и Владата за мобилизирање додатни финансиски средства.

Други критериуми на земјата за вклучување во ПМГ:

·                         Постоење на потреба од активности во тематските области на ГЕФ.

·                         Постоење на области со глобално значаен биодиверзитет.

·                         Конструктивни односи меѓу Владата и НВО-и.

·                         Присуство на други релевантни донаторски програми: присуство на Национален Фонд за животна средина или други потенцијални локални фондови (од приватен или јавен сектор).

·                         Постоење на еден или повеќе ГЕФ проекти 

 ===================== 

 

Attachments (1)

  • Napatstvija kriteriumi formulari GEF SGP MK Sep.2010.doc - on Oct 11, 2010 1:25 AM by sgpmacedonia@gmail.com (version 1)
    1579k View Download

Sign in  |  Recent Site Activity  |  Terms  |  Report Abuse  |  Print page  |  Powered by Google Sites